22.07.2012, 20:32 По 18 години, Русија стана членка на СТО
Претседателот на Русија, Владимир Путин, го потпиша протоколот за приклучување кон Светската трговска организација и му стави крај на процесот долг 18 години. Протоколот што ќе стапи на сила за 30 дена, откако долниот дом на рускиот парламент го ратификуваше на 10 јули, а горниот дом на 18 јули. Русија досега беше најголемата економија која не беше член на глобалната трговска заедница. Заговорниците за приклучување кон СТО сметаат дека тоа ќе и' помогне на Русија да ги поттикне странските инвестиции. Илјадници руски бизнисмени, пак, стравуваат дека ниските увозни царини и ограничените субвенции, што е услов за членство во СТО, ќе ја загрозат домашната економија. Русија ќе стане 156 членка на СТО, 18 години откако ги почна преговорите за приклучување. (Ек.Р.) |