25.07.2012, 12:04 Девојка го предизвикала пожарот во Струмица
Истрагата покажала дека Е.М (24) од Струмица, запалила стари алишта под еден жбун
Дваесет и четиригодишна девојка го предизвикала пожарот во Струмица, во кој двајца браќа го загубија ѓивотот, борејќи се со огнената стихија. Истрагата покажала дека Е.М (24) од Струмица, запалила стари алишта под еден жбун. Притоа предизвикала пожар од поголеми размери на местото викано „Ч’млк“ над градот Струмица.
Полицијата поднесе кривична пријава против неа поради сомневање дека сторила кривично дело „предизвикување општа опасност“.
„Пријавената во периодот меѓу 11 и 12 часот на улицата „Бошко Буха“ во Струмица на околу 50 метри од последните куќи во кои живеала, запалила стари алишта, по што предизвикала пожар“, соопшти МВР.
При преземање на мерки за гаснење на пожарот од страна на надлежните институции, на околу 200-300 метри од завршетокот на улицата „Крушевска Република“ на шумска патека во правец на место викано „Двата пата“ со изгореници се здобија 14 лица, од кои двајца починаа, а уште двајца се тешко повредени.
|