Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
24.07.2012, 12:39
Британија ги поздравува реформите во Македонија



Велика Британија ги поздравува реформите во Македонија и дава голема поддршка да се одржува таа динамика и во иднина. Ова изутрината на македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски му го пренесе британскиот министер за Европа, Дејвид Лигингтон, при нивната вонредно закажана билатерална средба што се одржа во „Јустус Липсиус“ во Европскиот совет.

Во фокусот на средбата Попоски-Лигингтон беа надворешно-политичките приоритети на Република Македонија, пред се интеграцијата на земјата во Европската унија.

Шефот на македонската дипломатијата го сподели очекувањето од земјите-членки на Унијата да ги препознаат напорите што суштински водат во правец на зацртаните приоритети во Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД).

Британскиот министер изрази задоволство од реформите што македонските власти ги преземаат во овој правец, и истите силно ги подржува.

- Принципиелната поддршка што Велика Британија во континуитет ја искажува за процесот на проширување на Европската унија за нас е исклучително значајна. Сметаме дека таква искрена поддршка е неоходна и за задржување на кредибилитетот на процесот. Република Македонија ја вреднува ваквата политика кон сите земји од регионот што се стремат да станат дел од европското семејство. Очекуваме ваквата поддршка да вроди со резултати во правец на напредок кон полноправно членство на Македонија во ЕУ, изјави министерот Попоски по средбата.

Билатералните односи со Обединетото Кралство, како што посочи, се исклучително пријателски и отворени. - Од македонска страна во континуитет работиме на промоција на РМ како конструктивен чинител во европскиот простор, но и привлечна дестинација за водење на бизнис и развој на културно-економска соработка, додава Попоски.

Денеска, во 12:30 часот, во Советот на Европската унија е закажан Деветтиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ. На овој состанок, освен министерот за надворешни работи Попоски, од Македонија е најавено учеството и на Теута Арифи, заменик-премиерот задолжен за европски прашања. По завршувањето на состанокот е најавена и прес-конференција.

Во 15:30 часот, исто така во зградата на Советот, министерот Попоски има закажано билатерална средба со министерот за надворешни работи на Кипар, Ерато Козаку-Маркулис. Со својата колешка од државата-претседавач со Советот на ЕУ, Попоски се очекува да разговара за очекувањата на Македонија да добие датум за почеток на преговори за влез во Унијата за време на кипарското претседавање, но и за можноста за воспоставување дипломатски односи со Кипар, земја која е јавен и недвосмислен поддржувач на Грција и грчката политика.

По завршувањето на средбата со кипарскиот МНР, Попоски, заедно со вице-премиерката Арифи, попладне се враќаат за Скопје.







Статијата е прочитана 476 пати.

Испрати коментар



СДСМ - Скапиот увоз на струја ќе го платиме сите
Камерон - Олимпијадата е најголемата безбедносна операција во мирно време
Типски продавници со македонски вина во туристичките места
Во Косово уапсен најбараниот македонски криминалец
Евакуиран трговски центар во близина на Олимпискиот парк во Лондон
Претседателот Иванов помилува 54 осуденици
Почна третата фаза на реконструкција на булеварот „Илинден“
Штип доби нов полициски командир
Шверц на дрога преку Охридско Езеро
Неготинецот што ја уби мајка си, здиве во затворот во Шутка
Изгаснат пожарот кај селото Коњари
(ФОТО) Василакис: Никој да не се сомнева во грчката волја за решение на спорот
(ФОТО) Цвеќе за почит кон загинатите во земјотресот
Вацлав Клаус „фатен“ со љубовницата
Иванов на свеченото отворање на ОИ во Лондон
Мендух Тачи останува на црната листа на САД
Каменувани неколку автобуси на ЈСП
Македонец од Австралија е менаџер на фабриката Дрекслмаер
Иран го обвини Израел за атентатот во Бургас
(ФОТО) Бан Ки-мун во посета на Собранието
Нимиц во Солун се среќава со Василакис
Убиецот од Колорадо „вложил“ илјадници долари за крвавиот напад
Брејвик праќа писма на екстремисти
Атина со остри зборови за владиното соопштение по средбите со Бан Ки Мун
Cончево со умерена облачност
(ФОТО) Скопје одбележува 49 години од катастрофалниот земјотрес
Третиот повреден и натаму во критична состојба
Седум деца загинаа при експлозија на бомба во Авганистан
Петров - Граѓаните масовно се приклучуваат на „Работното лето“
За Нимиц разговорите со македонскиот државен врв конструктивни
Обвинителството тврди дека има цврсти докази за двојното убиство
Димовски - Кривична одговорност за секој што ќе подметне пожар
Макрадули - Ангажманот на Бан Ки-мун во спорот со Грција од исклучителна важност
Димовски - Владата ќе интервенира за да не поскапи лебот
(ФОТО) Македонија подготвена за интензивни разговори во спорот со Грција
Нов пожар и се заканува на Струмица
Струјата поскапа за 9,83 отсто, а парното од 3,13 отсто до 3,75
Во ОКТА пуштен во употреба дренажен канал за подземни води
„Мудис“ ја намали перспективата на Европскиот фонд за финансиска стабилност
Потпишан договор за модернизација на „Горна Радика“ и „Шарски води“
Иран го зголеми бројот на центрифугите за збогатување ураниум
Бан Ки-мун и пред пратениците вети помош за решавање на името
Девојка го предизвикала пожарот во Струмица
Американски генерал обвинет за прикривање злоупотреби во Авганистан
Бан Ки-мун денеска пристигнува во Скопје
Напаѓачот од Бургас во Бугарија влегол преку Шенген зоната
Променливо облачно со локален дожд и грмежи
Ден на жалост во Струмица
Бан Ки-мун нема проблем со името Македонија
(ФОТО) Бан Ки-мун пристигна во Охрид
Иванов - Македонија е подготвена за решение за името
Филе - Балканлукс не е моја идеја
Струјата ќе поскапи за најмалку 10 отсто
Повреден малолетник во Тетовско
ФАО апелира за зголемен надзор над вирусот на говедска чума
(ФОТО) Македонија е конструктивна и посакува динамичен дијалог со Грција
(ОБНОВЕНО) Двајца браќа умреа од пожарот во Струмица
Семејството го брани синот убиец
СМК бара Македонија да продолжи во ОН под државното име
Бан Ки-мун - Очекувам нормализација на односите Белград-Приштина
СДСМ - Започна процесот на т.н интернет лустрација
„��уромакс“ ќе инвестира 500 милиони долари и ќе вработи 500 лица
Човечки ембриони во шума во Урал
(ВИДЕО) Деветмина приведени за убиството на Тушевски и Јанев
Во Грција уапсена банда што шверцувала дрога во затвор
Папуљас - Треба да се прашаме како завршивме тука
Тројца загинати во сообраќајка кај Скадар
Тројца од повредените во пожарот се борат за живот
Дождот ги изгасна сите пожари во Македонија
Потпишување на договорот за концесија на Иловица
Tројката денеска пристигнува во Атина
Сончево со умерена облачност
(ФОТО) Премиерот Груевски ги посети повредените од пожарот
(ФОТО) Тешко повредените во пожарот хоспитализирани во Градската болница во Скопје
Бан Ки-мун со јапонска агенда во Македонија
Осомничениот за масовното убиство во Колорадо се појави пред суд
Филе задоволен од напорите на Македонија за влез во ЕУ
(ОБНОВЕНО) Петмина тешко повредени во пожарот во Струмица
Небојша Стефановиќ избран за претседател на српскиот Парламент
Локализирани повеќе пожари во Македонија
Бомбашот самоубиец од Бургас имал сопатничка
Грчки весник најавува иницијатива на ОН за името
Фадил Бајрами именуван за вицегувернер на НБРМ
Голем пожар во Струмица
СДСМ - Синдикатот да почне да се грижи за работниците
За 700 евра струмичани ќе се приклучуваат на гас
Бан Ки-мун утре и задутре во Македонија
Бран на насилства уби 39 лица во Ирак
Стартува судскиот процес за акцијата „Калдрма“
Познат составот на новата српска влада, изборот се очекува до петок
Затаило оружјето, масакрот можел да биде и покрвав
Министерот Попоски во Брисел на средби со Филе
Голем астероид помина крај Земјата
Немири во два кампа со сириски бегалци во Турција
Тројца загинати во пожарите во Шпанија
Oблачно и нестабилно со локален дожд



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Останува уште 1 ден до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Свеченото отворање ќе ги засени големите пропусти!
Откако во воведни денови, домаќинот на Олимписките игри воопшто не покажа дека е подготвен за организација на најголемио...
Камерон: Олимпијадата е најголемата безбедносна операција во мирно време
Британскиот премиер рече дека низа безбедносни служби кои се вклучени во обезбедувањето на Олимпиjадата, се ангажирани 2...
Торп во Лондон како коментатор
Грчка олимпијка расно навредувала на „Твитер“
Со фудбалот почна натпреварувачкиот дел на Игрите
Инвазија на гламурозни убавици во Лондон
Повеќе од 100 олимпијци паднаа на допинг
И официјално - Бекам на отворањето на Игрите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |