24.07.2012, 15:46 ФАО апелира за зголемен надзор над вирусот на говедска чума
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека е потребно да се зголеми надзорот над потенцијално опасниот вирус на говедската чума, болест која официјално е прогласена за искоренета во 2011 година.
Во соопштението на ФАО се наведува дека вирусот на говедската чума треба целосно да се уништи или да се чува во ограничени количества во безбедни лаборатории, како што е предвидено со меѓународните резолуции.
Според ФАО, иако оваа болест официјално е искоренета, сепак е утврдено дека во некои делови од светот нејзиниот вирус се чува во недоволно безбедни услови.
Говедската чума предизвикува респираторни заболувања и дијареа и има фатални последици кај најголемиот број заразени говеда. Говедската чума е втора болест во светот, по големите сипаници, која официјално е прогласена за искоренета од лицето на Земјата. |