24.07.2012, 00:09 Бан Ки-мун со јапонска агенда во Македонија
Генералниот секретар на Обединетите нации ќе почне со активностите од седум часот наутро
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, вечерва ќе дојде во Македонија, а сите средби, обраќања, прошетки и активности ќе ги остварува јапонски - од многу рано наутро, па до вечерта. Таквата неверојатна агенда внесе забуна во земјата, бидејќи звучеше нелогично дека во текот на еден ден ќе има прес-конференција во Охрид, ќе прошета низ градот заштитен од УНЕСКО, ќе се обрати во македонскиот парламент рано претпладне, ќе има средби со премиерот и шефот на дипломатијата придружуван од медијаторот Метју Нимиц и ќе си замине од Македонија. Што ќе донесе Ки-мун не се знае, но се знае дека работните средби ќе ги почне во среда со седум наутро (или еден по полноќ по њујоршко време) и дека неговиот работен стил сме го виделе само со Весли Кларк, кога престојуваше тука како командант на НАТО.
Наспроти тврдењата на македонските медиуми дека Бан Ки-мун е првиот генерален секретар на ОН што ја посетил Македонија, архивите покажуваат дека тој е втор, и дека во 1999 година заради посета на кампот Стенковец во земјата беше Кофи Анан и се сретна со тогашниот премиер Љупчо Георгиевски. Бан Ки-мун, освен што ќе добие формални подароци, ќе биде и првиот што ќе се провози во „мерцедесот“ вреден 600.000 евра што го купи пред три недели МВР, што треба да биде гест за тоа колку неговата посета се цени во нашиот естаблишмент. Ова е сепак прва турнеја на генерален секретар на ОН низ целиот регион, а посетата на Македонија ќе ја искористи и да го отвори спорот за името, при што во нашиот државен врв се надеваат тоа да биде централна тема.
„Фактот што во придружба на Бан Ки-мун ќе допатува и неговиот специјален претставник за спорот со името Метју Нимиц, го гледаме како потврда на важноста што Генералниот секретар на ОН ја придава кон што побрзо разрешување на ова прашање и изнаоѓање начин за интензивирање на процесот. На генералниот секретар и посредникот Нимиц ќе им биде повторен нашиот конструктивен приод и решителност за што побрзо изнаоѓање заеднички прифатливо решение во врска со спорот со името“, изјавија од МНР по повод посетата. Од Скопје Нимиц ќе замине во Солун на средба со грчкиот претставник во разговорите за името, амбасадорот Адамантиос Василакис, кој потоа треба да ја брифира грчката Влада.
Домаќин во Охрид на Бан Ки-мун ќе биде претседателот Ѓорге Иванов, со кого утре наутро ќе има официјална средба и заедничка прес-конференција. Според најавата од МНР, на средбите Бан Ки-мун ќе биде информиран за постигнувањата на Македонија од нејзината независност и 19-годишното членство во ОН: изградбата на мултиетничка функционална демократија, придонесот за регионалниот развој и добрососедските односи, унапредување и почитување на човековите права во светот и зголеменото учество во мировни операции на ОН.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун од Скопје заминува за Босна и Херцеговина, со што ќе ја заврши балканската турнеја во која беа опфатени сите држави од поранешна Југославија. (С.Ј.)
|
|
Статијата е прочитана 1778 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Happy, 24.07.2012 06:45:46 | Lele majko koj ni doagja, kolku sme srekni. Ni doagja kuklata na remote control. |
| Рез. 817 СБ и 47-225 на ГС ОН сe ULTRA VIRES, 24.07.2012 10:10:31 | Резолуциите 817 СБ и 47-225 на ГС ОН претставуваат ULTRA VIRES акт направен од ООН. Врз база на овој факт РМ треба да покрене Резолуцијата на Генералното собрание со која со простото мнозинство нелегалната деноминацијата БЈРМ ке биде во ОН сменета со уставното име Република Македонија. Ние немаме проблем со Грција, туку со неспособна власт која нема муда да иницира таква резолуција во ГС на ОН! Имаме 130 држави од који 99 се на наша страна. На потег е Груевски и Иванов! |
| od ostrijot, 24.07.2012 10:16:55 | a sokogo kegi pocne aktivnostite koga se znaje oti nasata gospoda pocnuva tek od deset casot so rabota. |
| pile, 24.07.2012 10:27:29 | Im posakuvam srdecno dobredojde i uspesna rabota na Generalniot sekretar na Svetskata organizacija G-din Ban Ki-mun i negoviot specijalen pratenik.Posetata kako na regionot a posebno za Republika Makedonija voopsto ne ja smetam za protokularna, tuku naprotiv za sustinska i istata ke ima pozitivno vlijae na razvojot na site politicko bezbednosni priliki na Balkanot, koe nesto perspektivno ke bide prepoznatlivo.Konkretno za Republika Makedonija posetata na svetskiot diplomat e od isklucitelna vazjnost pred se za Makedonskite gragjani,a vladeackoto mnozinstvo ke znaci osuetuvanje na nivnoto vladeenje,so suspendiranje na demokratskite vrednosti,covekovite prava, vladeenjeto na pravoto, slobodata na mediumite,koja poseta ke znaci nedvosmislen presek na dosegasnoto i idno vladeenje so Drzjavata.Posle posetata nema potreba od brifing na gragjanite od strana na patriotot od pricina najgolem broj ke posakaat da bidat strelani vo kontekst na denesnata kolumna vo ,,Fokus na Jadranka Kostova. |
| Миле - Охрид, 24.07.2012 17:18:37 | Во далечните шеесети, Охрид и тогашна СРМ, ја има посетено и U Thant - Генерален Секретар на ОН (1961-1971) од Бурма (Myanmar).
Не можам да се сетам на годината.Но, можам да се сетам (и знам) дека тој ја посети Македонија (СР Македонија). Тој посети држава (федерална единица на СФРЈ) која беше еден оснивачите на ОН. Тој ја посети Македонија каде живееја Македонци, зборуваа македонски јазик. У Тант тој го знаеше овој факт. Во Република Макеонија и сега живеат Македонци кои зборуваат македонски јазик.
Доколку Бан Ки Мун го почитува овој факт ќе биде добредојден. Доколку не, треба да добие соодветен третман. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 23°C
Ведро
|
Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 17°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C
|
|
|
|
|
|