23.07.2012, 09:56 Голем астероид помина крај Земјата
Астрономите посочија дека овој пат не постоеше опасност од судар на астероидот со Земјата
Астероидот Нео 153958 (2002 АМ31) минатата ноќ околу еден часот и 30 минути мина покрај Земјата на оддалеченост од 5,2 милиони километри.
Нео 153958 е откриен во 2002 година и според проценките на американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) тој е со дијаметар од 792 метри.
Астрономите посочија дека овој пат не постоеше опасност од судар на астероидот со Земјата, но дека тој и натаму останува на листата на вселенски тела кои еден ден би можеле да претставуваат потенцијална опасност за нашата планета. |