25.07.2012, 15:38 За Нимиц разговорите со македонскиот државен врв конструктивни
Нимиц соопшти дека од Скопје заминува за Солун каде што ќе ја брифира грчката Влада за разговорите со македонските претставници
Посредникот на ОН во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц, кој го придружува генералниот секретар на Светската организација Бан Ки-мун за време на посетата на Македонија, ги оцени како конструктивни разговорите водени со македонскиот државен врв.
- Нема да дадам изјава бидејќи ова е посета на генералниот секратар на ОН, а не моја посета. Но, она што можам да кажам е дека имавме конструктивни дискусии и како што кажа и генералниот секретар имавме многу добри средби. Тој научи многу, а и јас исто така, изјави Нимиц по средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, прашан дали дошол во Македонија со нови иницијативи за решавање на прашањето за името.
Тој посочи дека од Скопје заминува за Солун каде што ќе ја брифира грчката Влада за разговорите со македонските претставници. Подвлече и дека останува во комункација ��о двете страни. |