24.07.2012, 14:10 Човечки ембриони во шума во Урал
Во четири 50-литарски канти за нафта откриени 248 човечки ембриони
Москва - Руската полиција откри 248 човечки ембриони во една од шумите на уралската Свердловска област, изјави портпаролка на локалното обвинителство.
Ембрионите се наоѓале во четири 50-литарски канти за нафта. Откриени биле во неделата вечерта во близина на селото Аник на околу 75 километри северно од обласниот центар Екатеринбург, соопшти полициската управа во регионот.
Полицајците, повикани од локални жители, покрај кантите пронашле и етикети со цифри, можеби бројот на болниците, кои ги исфрлиле ембрионите.
Според првичните податоци, најмалку четири болници може да имаат нешто заедничко со скандалозниот инцидент, изјави Валериј Горелих, портпарол на управата.
|