24.07.2012, 11:40 Дождот ги изгасна сите пожари во Македонија
Во моментов, на територијата на Македонија нема активни пожари. Со помош на дождот од кој синоќа беше зафатена речиси целата територија на Македонија, целосно се изгаснати сите пожари кои беа делумно активни, локализирани или под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- Веднаш по локализирањето на пожарот кој вчера беше активен над градот Струмица, беше одржана седница на Регионалниот кризен штаб на која присуствуваа претставници на надлежните институции за заштита од пожари. Како што беше договорено синоќа на состанокот, во текот на денешниот ден веќе се врши обиколка на теренот од страна на претставник од РЦУК Струмица, инспектор на ДЗС, јавен обвинител, и истражен судија, со цел увид и процена на опожарената површина како и прецизно утврдување на причините, соопшти ЦУК.
Според изјавите на екипите од Територијалната противпожарна единица, причината за пожарот кај Струмица е човечки фактор. |