23.07.2012, 12:04 Бран на насилства уби 39 лица во Ирак
Во серија бомбашки напади и престрелки во Багдад и северно од главниот град загинаа најмалку 39 лица, посочија припадници на безбедносните служби и медицински лица. Во најкрвавиот инцидент најмалку 18 лица се убиени во Таџи, сунитска населба на околу 20 км северно од Багдад. Најмалку девет инциденти се случија во самата метропола и во градовите на север. Наводно меѓу загинатите има неколку членови на безбедносните сили, и најмалку 74 лица се повредени.
Силни експлозии на автомобили-бомби одекнаа во Багдад и северниот град Киркук. Има информации дека напади имало и во Дулија, Саадија, Кан Бени- Саад, Туз Курмату и Дибис. Тие се случиле еден ден откако во друга серија бомбашки напади, овој пат јужно од главниот град, беа убиени најмалку 17 лица. (Би-Би-Си)
|