23.07.2012, 11:51 Стартува судскиот процес за акцијата „Калдрма“
Денес започнува судењето на 87 инкасанти од ЈП „Македонија пат“, кои што се обвинети за проневера од над 2 милиони евра.
Лицата беа уапсени во рамки на акцијата „Калдрма“, која што е продожение од полициската акција „Змиско око“.
Инкасантите во исто време беа апсени на повеќе локации низ државата.
Лицата вработени на патарините издавале лажни фискални сметки, а полицијата при акцијата заплени принтери за сметки, документација за „заработените средства“, како и распореди.
Според документацијата, одредено лице за да стане дел од организираната група, требало да плати одредена сума на пари.
Кривичната пријава за овие лица, кои илегално заработиле околу 2 милиони евра, без доказниот материјал е напишана на 137 страници, додека обвинителниот акт „тежи“ 460 страници.
|