24.07.2012, 13:47 Во Грција уапсена банда што шверцувала дрога во затвор
Грчката полиција разби дел од синџир за шверцување дрога во затвор во градот Трикала при што се уапсени 17 лица, јави дописникот на МИА од Атина.
Во координирана акција на полицијата од Солун, Лариса и Трикала, во затворот во Трикала уапсени се еден вработен во затворот, учител кој работел со затворениците и 11 штитеници на затворот. Уште 12 лица се под истрага.
Според полицијата, „мозок“ на бандата е 37-годишен затвореник во затворот Аликарнасос на Крит. Тој наводно се сретнал и го договорил шверцот со вработените додека отслужувал казна во затворот Трикала.
Истрагата почнала во октомври минатата година со прислушување на телефонските разговори на осомничените. Засега не се соопштени детали за количините на дрогата што е прошверцувана, ниту за колку пари се работи. Официјални податоци ќе бидат објавени кога истрагата целосно ќе заврши.
|