25.07.2012, 16:11 Третиот повреден и натаму во критична состојба
Третиот најтешко повреден, кој е со 90 отсто најтежок степен на изгоретини по телото и натаму е во критична здравствена состојба. Тој се уште е приклучен на апарати за вештачко дишење на Одделот за интезивна нега при Градската хируршка клиника „Св. Наум Охридски“ и се бори за живот.
Во нешто постабилна здравствена состојба е и чевртиот повреден, кој е со 40 до 50 отсто изгореници. Тој поради тешки изгоретини на градите, му беше ставена цевка во дупникот за да може да дише. Но, и за него лекарите не се со оптимистичка прогноза.
Петнаесетгодшиното дете, веќе е префрлено на Одделот за пластична хирургија каде ќе подолжи неговото лекување. Тој е со 20 до 30 отсто изгореници на една шака и нога, како и на грбот. (J.J.)
|