25.07.2012, 15:11 Макрадули: Ангажманот на Бан Ки-мун во спорот со Грција од исклучителна важност
Потрпретседателот на Собранието и пратеник на СДСМ Јани Мкакрадули денеска изјави дека а е од исклучителна важност најавата на генералниот секретар на ОН Бан Ки0мун дека лично ќе се заложи за решавање на спорот за името.
- Цениме дека е од исклучителна важност тоа што господинот Бан Ки-мун јавно потврди дека лично ќе се заложи за побрзо решавање на спорот за името, притоа повторно реафирмирајќи го многу значајното покровителство на Обединетите Нации во овој процес кој има суштинско значење за евроатланската иднина на Република Македонија, рече Макрадули.
Според него, добро е што Бан Ки-мун во своето обраќање ја потенцираше важноста на континуитетот на државноста и придонесот во сите изминати 20 години независнот на Република Македонија.
|