25.07.2012, 13:07 „Мудис“ ја намали перспективата на Европскиот фонд за финансиска стабилност
Меѓународната бонитетна агенција „Мудис“ ја намали перспективата на Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФСФ) од стабилно на негативно ниво, само еден ден откако даде негативни прогнози за Германија, Холандија и Луксембург.
Во соопштението на „Мудис“ се наведува дека намалувањето на нивото на перспективата на ЕФСФ се должи на негативните прогнози за идните кредитни рејтинзи на Германија, Холандија и Луксембург.
„Мудис“ завчера соопшти дека ја намалил прогнозата за кредитните рејтинзи на Германија, Холандија и Луксембург, поради зголемената несигурност околу должничката криза во Европа и можноста овие силни економии да мораат да им помогнат на Шпанија или Италија. |