25.07.2012, 15:30 Димовски: Кривична одговорност за секој што ќе подметне пожар
„Сите што се на каков било начин вмешани во загрозување на општата безбедност на граѓаните преку потпалување, ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Така ќе биде и за случајот со пожарот во Струмица“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Тој нагласи дека годинава во Македонија статистички има помал број пожари од лани, но со несреќни случаи. Индикаторите покажуваат дека над 90 отсто од нив се намерно предизвикани. „Вработените во ЈП ’Македонски шуми‘, припадниците на шумската п��лиција и останатите релевантни институции се максимално ангажирани во случај на пожар“, истакна министерот Димовски. (Ек.Р.)
|