Број 3404  вторник, 12 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Поглед

Старо-нова облека

Александриjа Стевковска

Нема веќе нова сезона, нова облека. Високите цени на новата облека се' почесто не' принудуваат да буричкаме по старата гардероба и од неа да извлечеме парчиња со кои ќе поминеме уште една сезона. Надевајќи се дека в година ќе дувнат поповолни ветрови и дека тие ќе ни донесат повеќе пари со кои ќе можеме да се подновиме. Тоа единствено би не' спасило од ново нуркање во старите плакари, не само нашите, туку и оние на нашите мајки, баби, бидејќи модата, но и немаштијата постојано се враќаат. Значи старите капутчиња, старите панталони ќе не греат и оваа сезона, ако се здрави. Ако не или иглата во раце нешто од нив да се подзакрпи, нешто да се подзапере или, пак, сите во најблискиот кинески центар, бидејќи само таму цените се кроени според наша мерка.

Како и да е, ќе ја поминеме и преживееме и оваа сезона, но дали в година навистина ќе имаме со што да ја обновиме старата облека. Светските берзи алармираат дека цената на памукот вртоглаво расте, што значи дека сета памучна облека, исто така, ќе поскапува. Речиси научна фантастика е помислата дека наскоро нашите плакари ќе и' се израдуваат на нова облека. Поскапувањата се неминовни и нормални, бидејќи и оние што ја прават таа облека мора од нешто да живеат, да платат кирија, струја, вработени. Но, зголемување на цените можат да го издржат само нормални плати и стандард кој не се држи постојано на тенок мраз. А нашиот не е таков. Тој е истенчен докрај и не дозволува ништо друго освен платата, ако ја имаме, да ја трошиме само на храна. За облека и вака и така не стигнува. Е па, со здравје старо-новата облека и оваа сезона. Новите модели ќе ги гледаме само од излог, а продавниците и понатаму ќе зјаат празни. Галопот на цени не е кроен по мерка на Македонецот. Нова облека, можеби в година!




#
Статијата е прочитана 1212 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 12.10.2010 16:07:43
Не е точно,нашиот Пастир не убедува дека убаво си живееме.Ако тој ни каже дека и маглата е волна,ние ке скокаме во провалија за да си набавиме колку може пвеќе волна.Е тогаш ке си имаме топла облека за црни денови.
Од: Џони
Датум: 12.10.2010 16:29:24
Александра, заборави на пазарот во Шутка. Е, ако го снема, тогаш го обравме бостанот и тоа зелен!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Врачена државната награда „11 Октомври“
Не не' сплоти ниту Денот на востанието
Ламбе - победник, доминација на ѕвездите од реалните шоуа
Кина како суперсила
Македонско-бугарски историски контроверзии (3)
Со пушачите, избега и заработката од локалите
Амбасадори жив штит на геј-парадата во Белград
Пробив на насилничка деструкција
Oчекувам датум за преговори
Ставрески носи полн куфер пари од Вашингтон
Македонија поразена од Русија во Скопје
Власта го скрои новото име?
Се изгуби духот на маалата
На маката се познаваат јунаците
Српските хулигани дивееја во Џенова
Тавтологија на нихилизмот
Криволовец отстрелал елен-капиталец
Стил
„Џамбо“ на двонеделна пауза
Интернетот најкористен медиум во светот
Цивилен товарен авион се урна кај Кабул
Патиштата како бојни полиња






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia