Број 3404  вторник, 12 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Амбасадори жив штит на геј-парадата во Белград

Лондон - Жестоките протести во Белград против одржувањето на парадата на хомосексуалците во Србија и острата реакција на тамошната полиција е поука за Европската унија, тврди „Индепендент".

Според весникот, кога ЕУ ќе одлучи да ги примени своите комбинирани дипломатски и финансиски мерки, таа може да го измени начинот на кој владите на потенцијалните земји-членки гледаат на непопуларните малцински групи во своите земји. Србија овој пат презеде поцврста позиција против националистичките насилници отколку што го направи тоа во 2001 година, кога хомосексуалците и активистите за заштита на своите права беа претепани на белградските улици.

На српската влада сега и' е многу поважно државата да биде дел од ЕУ отколку пред девет години, знаејќи дека на патот за полноправно членство ќе се разгледуваат и состојбите со малцинствата и малцинските права на оваа група луѓе.

Лондонскиот весник смета дека властите во Белград го измениле целосно својот став кон парадата на хомосексуалците кога разбрале дека повеќе амбасадори од земјите на ЕУ решиле да им се приклучат на учесниците на маршот. Властите беа шокирани од можноста овие важни странци да се соочат со насилниците, па затоа беа испратени неколку илјади полицајци за да ја обезбедуваат белградската геј-парада, забележува весникот.

Европската унија во 2005 година пропушти да изврши притисок врз земјите-кандидати за членство во ЕУ да направат се' што треба за заштита на малцинските групи, какви што се хомосексуалците, ментално болните и физички хендикепираните луѓе, но и Ромите, примајќи ги прерано од политички причини Бугарија и Романија. Но, тоа не смее да го повтори во наредните години кога ќе ги разгледува кандидатурите за членство на другите земји од Балканот, заклучува „Индепендент“ во својот редакциски коментар за протестите во Белград. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1411 пати.

Испрати коментар

Од: verag
Датум: 12.10.2010 12:46:44
Κај нас верувам дека би се собрале исти такви насилници од ДПМНЕ , но полицијата би оставила да ги претепаат. Би си гледала сеир исто како за стечајците и студентите на плоштадот.
Од: ?!
Датум: 12.10.2010 15:18:35
Исполнувањето на ретроградните критериуми има две цели.Прва,да се види до кој степен се спремни државичките да вршат руинирање на општествата,само за да влезат во унија,каде тие критериуми се само декларативно поимање,а не практика.Второ,да се види,кој е спремен за влез,а тоа е оној кој по цена на цело благо,не одстапува од основните човекови вредности.Можно и едните и другите да влезат ама низ различни врати и за различна намена. А,геј-ујдурмите е нешто веќе видено кај предисториските народи,и истовремено страшно казнето.Низ една анкета може да се види социјалната структура.Не верувам да има стечајци,социјални случаи...
Од: Trpe
Датум: 12.10.2010 23:37:32
nie ne sme zreli za gej parada. Kaj nas se uste nemalo ni sexualna revolucija, ponazad sme od pred 40 godini. pa pred 80godini imalo nudisticki plazi na Vardar, a i tnr ruska plaza. Se uste ima obicaj na svadba nevestata da se cuva, treba da se otkupi, a uste potragicno e sto vo mnogu sredini i navistina mladozenecot treba dobro da go otvori keseto. Nekoj se obiduvaat da pominat besplatno, so nevesti begalki , pa posle imame nasilstva i ubistva. Od druga strana ni Evropa ni USA ne se spremni za potpolno prifakanje na gejovite. A ima i objektivni problemi. Nema da bide dovolno podelba na maski i zenski toaleti, sobi i drugo. A vsusnost pak tie podelbi se konstantna prikrieno homoseksualno odnesuvanje, posebno razvieno i tolerirano kaj zenskiot pol.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Старо-нова облека
Врачена државната награда „11 Октомври“
Не не' сплоти ниту Денот на востанието
Ламбе - победник, доминација на ѕвездите од реалните шоуа
Кина како суперсила
Македонско-бугарски историски контроверзии (3)
Со пушачите, избега и заработката од локалите
Пробив на насилничка деструкција
Oчекувам датум за преговори
Ставрески носи полн куфер пари од Вашингтон
Македонија поразена од Русија во Скопје
Власта го скрои новото име?
Се изгуби духот на маалата
На маката се познаваат јунаците
Српските хулигани дивееја во Џенова
Тавтологија на нихилизмот
Криволовец отстрелал елен-капиталец
Стил
„Џамбо“ на двонеделна пауза
Интернетот најкористен медиум во светот
Цивилен товарен авион се урна кај Кабул
Патиштата како бојни полиња






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia