Број 3404  вторник, 12 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

МЕРИДИЈАНИ

Кина како суперсила

Јошка Фишер

Стратегиски Кина и САД ќе мора меѓусебно да се потпираат на подолг период

Нема сомневање дека Кина ќе стане една од доминантните глобални сили во 21 век. Всушност, и покрај големите проблеми со кои се соочува земјата, таа дури би можела да се појави како глобална сила. Но, би било погрешно да се претпостави дека повторното појавување на таканаречените „ХХЛ сили“, како што се Кина и Индија, едноставно ќе донесе продолжение на западните традиции.

Откако европските сили кон крајот на 15 век ги кренаа едрата и запловија кон освојување на светот, историографијата и меѓународната политика се навикнаа на одреден модел: армијата, економијата и технолошката сила се преведени во вршење влијание над други земји, освојување, па дури и глобална доминација и империја. Ова беше особено вистина во 20 век, кога во пресрет на двете светски војни, САД и Советскиот Сојуз ги заменија европските светски сили на глобалната сцена. Студената војна и периодот на американска глобална доминација по 1989/90 година, исто така, го следеа овој модел. Меѓутоа, подемот на Кина во глобална сила нема да се должи на нејзината огромна популација од 1,2 милијарди луѓе што се заканува да ги затегне структурите на секој владин систем и неговите донесувачи на одлуки. Мала е веројатноста дека константната опасност од претерано затегнување на внатрешните политички структури на земјата ќе дозволи каква било империјална улога на надворешната политика. Доколку ова е вистина, САД нема да бидат заменети како доминантна сила освен ако или додека тие не абдицираат од таа улога.

Виталните интереси што ја водат кинеската политика се внатрешна модернизација, политичка стабилност и опстанок на владејачкиот режим, и единството на земјата (со Тајван). Мала е веројатноста дека овие интереси ќе се променат на подолг период. Токму од таа причина - ќе ги турка своите надворешнополитички интереси на комплетно нечувствителен начин. Воено, Кина примарно ќе се фокусира на својата регионална надмоќ, бидејќи единството на земјата зависи од тоа. За кинеското раководство, ова значи дека стапката на раст од околу 10 проценти годишно ќе биде од суштинско значење за подолг период. Во спротивно, рапидната и фундаментална трансформација на земјата од аграрна во ултрамодерно индустријализирано општество не може да продолжи без дестабилизирање на системот. Но, ова фокусирање на внатрешниот развој ќе има огромни политички последици. Дома, Кина ќе биде првата земја која поради своето огромно пространство и бараниот раст на БДП ќе биде принудена да води „зелена“ економија. Во спротивно, Кина за кратко време ќе ги достигне своите „граници на раст“ со катастрофални еколошки и, како резултат на тоа, политички последици. Бидејќи Кина ќе биде најважниот пазар во иднина, тоа ќе биде решавачко во одлучувањето не само што ќе произведуваме и консумираме, туку и на каков начин.

Во однос на надворешната политика, Кина ќе се обиде да ја заштити својата домашна трансформација со обезбедување ресурси и пристап до странските пазари. Порано или подоцна, кинеските власти ќе сфатат дека улогата на САД како глобален регулатор е неопходна за надворешнополитичките интереси на Кина, бидејќи не е способна да ја преземе таа улога, други глобални играчи нема, а единствена алтернатива на САД ќе биде уривање на поредокот. Овој американско-кинески тандем ќе функционира далеку од мазно и нема да направи речиси ништо освен да ги поправи кризите и периодите на сериозна економска и политичка конфронтација. Но, стратегиски Кина и САД ќе мора меѓусебно да се потпираат на подолг период. Оваа зависност во еден момент ќе преземе и политичка форма, веројатно на сметка на сите други меѓународни играчи, особено на Европејците.

Европа би можела да го промени курсот на овој развој само ако се претстави себеси како сериозен играч и се заложи за своите интереси на глобалната сцена. „Г-2“ од Кина и САД веројатно ќе биде среќна поради тоа. Меѓутоа, Европа е премногу слаба и премногу поделена за да биде ефикасна на глобално ниво и нејзините лидери не се подготвени да водат заедничка политика што се темели на стратегиските интереси на нивните земји.

(Авторот е член на германската Партија на зелените, беше министер за надворешни работи и вицеканцелар од 1998 до 2005 година и пишува за „Проект синдикејт“.„Утрински весник“ е дел од „Проект синдикејт“.)


#
Статијата е прочитана 805 пати.

Испрати коментар

Од: Opservator
Датум: 12.10.2010 21:57:57
Tezite na J. Fiser se diskutabilni i tesko prifatlivi. Toj tvrdi deka Kina vo 21 vek ce postane globalna sila, sto e sosema realno. Medjutoa, tesko moze da se ocekuva deka Kina ce im dozvoli na SAD i natamu da bidat glaven faktor na medjunarodnata politicka scena. Medjuzavisnost medju SAD i Kina ce postoi vo ekonomijata, no, ne i vo Politikata. Kako globalna sila Kina, bez somnenie, ce vodi smetka za realizacija na svoite interesi vo svetot i ce se zalaga za ,,plasman,, na svoi pravila na igra, sto moze da bide golem predizvik za svetskiot mir i za dominacijata na Zapadot vo svetskata politika i ekonomija!
Од: saso
Датум: 13.10.2010 03:47:43
Ej site ste vo zabluda. Slusajte go ALEX JONES od Austin ,Texas USA www.infowars.com Se raboti za globalisti i gradenje na nov svetski poredok po ugledot na kineskiot model, edna vrsta nov komunizam.Gledajte samo stranski vesti i pratete kolku pati e izgovoren zborot " NEW WORLD ORDER" od glavnite politicari vo svetot.Drugoto go ostavam na vas da otkriete. Samo nemojte da mislite deka ke dojde dobro ,nego naprotiv golemo globalno zlo pozdrav Saso
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 13.10.2010 04:42:16
Deneska e borba pomegju Noviot Svetski Poredok[Teror Kapitala] i Tandemot Rusija-Kina. Ratnata Masinerija na USA nikoj drug ne ja finansira,tuku Rusija i Kina.Zadolzenieto za ratnite potrebi na USA go kupuvaat Kina i Rusija. I, tokmu deneska Kina i Rusija ja dovedoa USA na Tenok Led! Deneska kamatite sto USA gi placa na pozajmenite pari-kupeni [ USA BONDS]so interes.sto gi ima Kina i Rusija ,od taa kamata se podrzava Kineskata i Ruskata Armija!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Старо-нова облека
Врачена државната награда „11 Октомври“
Не не' сплоти ниту Денот на востанието
Ламбе - победник, доминација на ѕвездите од реалните шоуа
Македонско-бугарски историски контроверзии (3)
Со пушачите, избега и заработката од локалите
Амбасадори жив штит на геј-парадата во Белград
Пробив на насилничка деструкција
Oчекувам датум за преговори
Ставрески носи полн куфер пари од Вашингтон
Македонија поразена од Русија во Скопје
Власта го скрои новото име?
Се изгуби духот на маалата
На маката се познаваат јунаците
Српските хулигани дивееја во Џенова
Тавтологија на нихилизмот
Криволовец отстрелал елен-капиталец
Стил
„Џамбо“ на двонеделна пауза
Интернетот најкористен медиум во светот
Цивилен товарен авион се урна кај Кабул
Патиштата како бојни полиња






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia