Број 3404  вторник, 12 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

„Макфест 2010“

Ламбе - победник, доминација на ѕвездите од реалните шоуа

Јубилејното 25. издание на „Макфест“ годинава (по минатогодишните одложувања) се случи во неговиот традиционален термин - викендот пред празникот 11 Октомври, без промена на локацијата - Штип. Во вообичаен тридневен формат (7, 8 и 9 октомври), на „Макфест“ се случија 28 нови песни во духот на актуелните тенденции во македонската забавна музика - доминација на пејачите изродени низ балканските реални шоуа.

Победата на младиот, но веќе долгогодишен ексклузивец на „М-2 продукција“, Ламбе Алабаковски, го даде финалниот белег на јубилејниот „Макфест“. Иако Ламбе во текстот на својата победничка песна инсистираше „Не планирам“, очигледно фестивалската публика го имала во план за победа. Песната „Не планирам“ е авторско дело на Јован Јованов (музика), Елвир Мекиќ (текст) и Иван Иванов (аранжман).

Второто место на штипскиот фестивал го освои битолчанецот со македонско- бугарска кариера Бојан Стојков, со песната „Невени те покриваат“, според музика и аранжман на Хари Котларовски, а текстот го напиша самиот изведувач.

На третото место се пласира ѕвездата од реалното шоу „Операција триумф“, Александар Белов, со песната „Бум“, потпишана од авторскиот тандем Владимир Дојчиновски и Кристијан Габровски.

Во прилог на ��елиот амбиент и впечаток се и наградите за Дарко Илиевски (за сценски настап, најдобар дебитант и најдобра интерпретација), кои ги освои со изведбата на баладата „Утре е нов ден“.

За најслушана песна меѓу два „Макфеста“ е прогласена песната „Кажи кој те има“, а наградата за најдобар текст му припадна на Борче Димитров за песната што ја изведе Наде Талевска „Последниот лет“. (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 1293 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Старо-нова облека
Врачена државната награда „11 Октомври“
Не не' сплоти ниту Денот на востанието
Кина како суперсила
Македонско-бугарски историски контроверзии (3)
Со пушачите, избега и заработката од локалите
Амбасадори жив штит на геј-парадата во Белград
Пробив на насилничка деструкција
Oчекувам датум за преговори
Ставрески носи полн куфер пари од Вашингтон
Македонија поразена од Русија во Скопје
Власта го скрои новото име?
Се изгуби духот на маалата
На маката се познаваат јунаците
Српските хулигани дивееја во Џенова
Тавтологија на нихилизмот
Криволовец отстрелал елен-капиталец
Стил
„Џамбо“ на двонеделна пауза
Интернетот најкористен медиум во светот
Цивилен товарен авион се урна кај Кабул
Патиштата како бојни полиња






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia