Број 3404  вторник, 12 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

На маката се познаваат јунаците

Македонија против Русија вечерва (20,30 ч.) на националната арена „Филип Втори“ во квалификациите за ЕП 2012

Сашко Ѓ. Димовски

„Дајте им поддршка на овие момци да покажат што знаат и умеат“, порача македонскиот селектор Мирсад Јонуз во пресрет на вечерашниот меч против Русија (национална арена „Филип Втори“, 20.30 ч., МТВ пренос) во квалификациите за ЕП 2012.

Ерменија во петокот покажа дека групата е тешка и неизвесна и во неа секој може да победи секого, се надеваме дека потврда за тоа ќе стигне и од нашите најдобри фудбалери вечерва крај Вардар. Андора е минато. Мисијата на Пиринеите ја завршивме успешно (поинаку и не се очекуваше), победивме со 2:0 (Наумоски и Шиков стрелци на головите), на ред е силната „зборнаја“. Но, Јонуз нема да менува ништо во поглед на играта.

„Ситуациите против Ерменија, Андора и Русија се различни. Една со друга немаат врска. Нема да менуваме ништо во поглед на тактичката поставеност, одбраната ќе добие конкретни задачи. Русија сега има посилна репрезентација од онаа што ја имаше пред четири години. Со Жирков, Кержаков, Аршавин, Џагоев и останатите кои играат во големи клубови низ Европа и во Русија го заслужуваат сиот респект. Ќе треба да обрнеме особено внимание на прекините и на играта во воздух“, рече Јонуз и притоа истакна дека не стравува за ра��отното место.

„Оптоварен сум со Русија и со ништо друго. Не се оптоварувам со моја смена. Затоа може да разговараме по мечот со Русија или по завршување на квалификацискиот циклус. Пресреќен ќе бидам ако победиме“, заврши Јонуз.

Јонуз и Шумуликоски признаваат дека не се задоволни од прикажаната игра со Андора, посебно во првото полувреме. Дел од причините за тоа ги лоцираа во условите за игра кај аутсајдерот во групата. Таму се тренираше на вештачка трева, а теренот на кој се играше мечот е потесен од вообичаените. Широк е околу 50-тина метри што е проблем за оние кои се навикнати да ја практицираат фудбалската игра на игралишта со поголеми димензии.

„Играта против Андора не е важна, важно е дека ги освоивме планираните три бода. Сега не' очекува тежок дуел. На гости ни' доаѓа Русија чии квалитети ни' се добро познати. Ќе дадеме се' од себе, максимално ќе се залагаме на теренот, ќе се бориме до последен здив, но ќе ни' треба поддршка и од публиката“, изјави капитенот на Македонија, популарниот Шуми и продолжи:

„Во репрезентацијата има играчи кои психолошки се горе меѓутоа има и такви кои се долу. Не може секој подеднакво да се носи со притисокот. Во ред е за тие што добро се справуваат со тоа, но јавноста треба да ги има предвид и останатите. За мене можете да пишувате што сакате и со нули да ме оценувате“.

Македонија хендикепирана ќе и' посака добредојде на големата Русија во третиот дуел меѓу овие две репрезентации, втор во Скопје. Ако отсуството на Пандев, Горан Попов и Тасевски не беше од витално значење против Андора во петокот, овојпат без сомнение ќе се почувствува на тревникот против составот на Дик Адвокат иако сите што конкурираат за место во стартниот тим и оние што ќе го започнат натпреварот од клупа ветуваат беспоштедна борба.

Русија допатува во Скопје со голем оптимизам по триумфот со 3:2 на „Авива парк“ во Даблин во петокот над селекцијата на Република Ирска. „Зборнаја“ навреме ја погоди ирската мрежа (11 минута), кусо по погодокот на Кержаков следуваше и втор (Џагоев 29 минута) по кој Русите си обезбедија комотно продолжение во мечот и негово рутинско приведување кон крај. Со подеднакво исти амбиции дојдоа и во Македонија, но се надеваме дека нема да ги исполнат и дека токму вечерашниот меч ќе претставува пресвртница за нашиот национален состав на патот кон Полска и Украина.

И јужната трибина во функција

За вечерашниот натпревар меѓу Македонија и Русија во функција ќе биде ставена и јужната трибина на националната арена „Филип Втори“ што значи дека нашите најдобри репрезентативци ќе можат да очекуваат поддршка од околу 22.000 љубители на фудбалската игра. Цената на влезниците е 300, 200 и 100 денари и истите може да се набават „Тугедер“ салоните во сите македонски градови.

Резултати од мечевите во третото коло во квалификациите за ЕП 2012

Група А: Казахстан - Белгија 0:2, Австрија - Азербејџан 3:0, Германија - Турција 3:0. Табела: Германија 9 бода (3 меча), Австрија 6 (2), Турција 6 (3), Белгија 3 (3), Казахстан 0 (3), Азербејџан 0 (2). Денеска играат: Азербејџан - Турција, Казахстан - Германија, Белгија - Австрија.

Група Б: Ерменија - Словачка 3:1, Андора - Македонија 0:2, Република Ирска - Русија 2:3. Табела: Словачка 6 бода (3 меча), Русија 6 (6), Република Ирска 6 (3), Ерменија 4 (3), Македонија 3 (3), Андора 0 (3). Денеска играат: Ерменија - Андора, Словачка - Република Ирска, Македонија - Русија.

Група Ц: Србија - Естонија 1:3, Северна Ирска - Италија 0:0, Словенија - Фарски острови 5:1. Табела: Италија 7 бода (3 меча), Естонија 6 (3), Северна Ирска 4 (2), Србија 4 (3), Словенија 4 (3), Фарски острови 0 (4).

Денеска играат: Фарски острови - Северна Ирска, Естонија - Словенија, Италија - Србија.

Група Д: Луксембург - Белорусија 0:0, Албанија - БиХ 1:1, Франција - Романија 2:0. Табела: Франција 6 бода (3 меча), Албанија 5 (3), Белорусија 5 (3), БиХ 4 (3), Романија 2 (3), Луксембург 1 (3). Денеска играат: Белорусија - Албанија, Франција - Луксембург.

Група Е: Унгарија - Сан Марино 8:0, Молдавија - Холандија 0:1. Табела: Холандија 9 (3 меча), Шведска 6 (2), Унгарија 6 (3), Молдавија 3 (3), Финска 0 (2), Сан Марино 0 (3). Денеска играат: Финска - Унгарија, Холандија - Шведска.

Група Ф: Грузија - Малта 1:0, Грција - Летонија 1:0, Израел - Хрватска 1:2. Табела: Хрватска 7 (3 меча), Грузија 5 (3), Грција 5 (3), Израел 4 (3), Летонија 3 (3), Малта 0 (3). Денеска играат: Летонија - Грузија, Грција - Израел.

Група Г: Велс - Бугарија 0:1, Црна Гора - Швајцарија 1:0. Табела: Црна Гора 9 (3 меча), Англија 6 (2), Бугарија 3 (3), Велс 0 (2), Швајцарија 0 (2).

Денеска играат: Швајцарија - Велс, Англија - Црна Гора.

Група Х: Кипар - Норвешка 1:2, Португалија - Данска 3:1. Табела: Норвешка 9 (3 меча), Португалија 4 (3), Данска 3 (2), Кипар 1 (2), Исланд 0 (2). Денеска играат: Данска - Кипар, Исланд - Португалија.

Група И: Чешка - Шкотска 1:0, Шпанија - Литванија 3:1. Табела: Шпанија 6 (2 меча), Шкотска 4 (3), Литванија 4 (3), Чешка 3 (2), Лихтенштајн 0 (2).

Денеска играат: Лихтенштајн - Чешка, Шкотска - Шпанија.


#
Статијата е прочитана 1057 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 13.10.2010 05:35:19
Los prevod od.;Na Muci poznaju se Junaci! Vo maka se ;poznavaat HREROITE!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Старо-нова облека
Врачена државната награда „11 Октомври“
Не не' сплоти ниту Денот на востанието
Ламбе - победник, доминација на ѕвездите од реалните шоуа
Кина како суперсила
Македонско-бугарски историски контроверзии (3)
Со пушачите, избега и заработката од локалите
Амбасадори жив штит на геј-парадата во Белград
Пробив на насилничка деструкција
Oчекувам датум за преговори
Ставрески носи полн куфер пари од Вашингтон
Македонија поразена од Русија во Скопје
Власта го скрои новото име?
Се изгуби духот на маалата
Српските хулигани дивееја во Џенова
Тавтологија на нихилизмот
Криволовец отстрелал елен-капиталец
Стил
„Џамбо“ на двонеделна пауза
Интернетот најкористен медиум во светот
Цивилен товарен авион се урна кај Кабул
Патиштата како бојни полиња






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia