Број 3404  вторник, 12 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Интервју

Oчекувам датум за преговори

Трајко Вељаноски, претседател на Собранието

Тој е задоволен од начинот на кој функционира парламентот, особено од темпото и од процедурата како се носат законите

Оливера Војновска


Собранието во сите досегашни анкети добива лоши оценки. На највисокиот законодавен дом му се забележува „отсуство на вистинска дебата, некритичност и сервилност кон Владата“. Вие сте претседател на парламентот, како ги доживувате ваквите критики од јавноста?

Не ме изненадуваат критиките, бидејќи Собранието е најтранспарентната институција. Во парламентот се' се случува на отворена сцена, на која се соочуваат различни политички програми и интереси, некогаш со повеќе, а некогаш со помалку аргументи. Седниците директно се пренесуваат, граѓаните имаат можност да ги следат дебатите, како и комуникацијата меѓу пратениците од различни политички партии (власт, опозиција) и од различни етнички заедници. Но, не е само нашиот парламент изложен на критики од јавноста. Секаде е така. Една од трите институции која добива послаби оцени се парламентите или конгресите.

Сепак, задоволен сум од начинот на кој функционира Собранието, особено од темпото и процедурата во која се носат законите. Досега се усвоени 55 од стоти��а закони со европско знаменце, колку што имавме обврска да ги донесеме оваа година. Во собраниска процедура се уште 30-ина вакви закони, а се надевам дека Владата во наредниот период ќе ги достави и преостанатите проекти од европската агенда.



Во јавноста преовладува мислењето дека Собранието носи неквалитетни закони, кои потоа паѓаат на Уставен суд?

Имам впечаток дека во одредени кругови има тенденција да се наметне такво мислење. Но, тоа не е така. Уставен суд укина одредби во некои карактеристични закони (оној за лустрација), како и во одредени проекти на Владата. Меѓутоа, не укина цели закони. Впрочем, Уставен суд го правеше тоа и во сите претходни собраниски состави. Па од тој аспект, овој парламент не е исклучок. И гледано квантитативно, бројот на укинати одредби во овој состав воопшто не е поголем во споредба со другите.



ДПА повеќе од една година не е во парламентот. Освен повиците преку медиумите, дали разговаравте со нив за да го прекинат бојкотот?

Постојано ги повикувам и од собраниската говорница и преку медиумите, а сум разговарал со нив и по телефон. Меѓутоа, од нивна страна не гледам сигнали за враќање во Собранието. Сметам дека тоа е огромна грешка. Досегашната практика покажа дека партиите кои го бојкотирале парламентот повеќе изгубиле и си наштетиле себеси отколку што добиле. Но, во крајна линија, тоа е политичка процена и одлука на ДПА.



Впечаток е дека институтот пратенички прашања е комплетно издевалвиран со нарачани прашања од владејачкото мнозинство до министрите?

Не е толку важно како комуницира парламентарното мнозинство со Владата. Со измените на Деловникот, одговорите на министрите се лимитирани и тие не можат да бидат подолги од десет минути. Институтот пратенички прашања е првенствено можност опозицијата јавно да ја прашува Владата. Распоредот за поставување прашања е усогласен во сооднос 2:1, а опозицијата секогаш има предност. Така што, исклучиво од опозицијата зависи како ќе го искористи овој механизам и кои теми ќе ги иницира. Сега опозицијата има можност еднаш месечно на дневен ред на пленарните седница да постави точка за кое било прашање врзано со работата на Владата. Со ова се зајакнува положбата на опозицијата, како и нејзината одговорност, а од друга страна го зголемува и демократскиот капацитет на парламентот.



Како ја оценувате работата на Анкетната комисија и верувате ли дека таа ќе го расветли јулскиот инцидент и ќе посочи на конкретна одговорност?

Не можам да кажам дека сум задоволен од темпото на работење на Комисијата. Наспроти моите очекувања, таа работи многу, многу бавно. Затоа апелирав до претседателот на Комисијата сите да бидат поангажирани и поенергични за побрзо да дојдат до извештајот. А јас како претседател на Собранието, штом ќе го добијам, веднаш ќе го ставам на пленарна седница.



Опозицијата Ве критикуваше дека сте дозволиле Собранието да стане сервис на МВР?

Обвинувањата на опозицијата се целосно неосновани. Обезбедувањето на Собранието е уредено со Деловникот, со закони и со правилници, и не зависи од мене. Многу жалам поради тоа што неколкумина пратеници од опозицијата сосема непотребно испровоцираа инцидент. И наместо самите да се засрамат и да се запрашаат зошто го направија тоа, тие во скандалот го вовлекоа парламентот и создадоа негативен имиџ и за Собранието и за државата. Се надевам дека од ова ќе извлечат поука за во иднина да не ни се случуваат вакви инциденти.



Дали во парламентите што ги посетувате сте забележале вооружени, неуниформирани полицајци без обележја?

Постојат различни модели на обезбедување на парламентите. Некои парламенти имаат сопствено обезбедување. Во други, пак, за тоа се задолжени луѓе вработени во МВР, но за нив е надлежен претседателот на Собранието.

Откако се случи инцидентот, поведов иницијатива за посебно собраниско обезбедување и до крајот на годината треба да се направи физибилити студија. Во секој случај, независно за каков модел ќе се определиме, ќе инсистирам на тоа обезбедувањето да биде униформирано и со препознатлива облека, која ќе се разликува од другите полицајци.



Какви се Вашите очекувања од ноемврискиот извештај на Европската комисија?

Убеден сум дека Собранието ќе биде позитивно оценето. Особено по носењето на измените на Деловникот, што беше едно од главните барања во однос на политичкиот дијалог. Исто така, мислам дека и целокупниот извештај за Македонија ќе биде позитивен со препорака за датум за почнување преговори со ЕУ.



Пораките од САД и од Брисел се јасни: решете го името, па ќе добиете покана за полноправно членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ. Според Вас, колку се реални шансите да се надмине овој спор во блиска иднина?

Интензивирањето на дијалогот околу прашањето за името е забележано од сите фактори. Добро е што имаше неколку средби на двајцата премиери (Груевски и Папандреу), но не гледам искрена желба од грчка стана за надминување на проблемот. Иако Папандреу, за разлика од Караманлис, не ги избегнува средбите, сепак, нема поместување на позициите на грчката страна. Сепак, за да се дојде до решение, треба да постои волја од двете страни, како и респект спрема другиот. За жал, не сум забележал досега дека Грција ги респектира нашите аргументи. Напротив, Грција го употребува само аргументот дека е членка на ЕУ и на НАТО, и преку вето сака да наметне решение. Сметам дека апсолутно е погрешен ваквиот принцип на уцена.



Минатата недела бевте во официјална посета на Турција. Собранието има соработка со Албанија, Србија, Бугарија, Романија, Хрватска, постојат ли некакви парламентарни релации со Грција?

За жал, не постои соработка со грчкиот парламент. На конференциите на кои сум учествувал не бил присутен претседателот на парламентот на Грција за да можеме да се сретнеме на маргините од тие настани.

Минатата година иницирав средба со мојот грчки колега, но неговиот одговор беше дека до тоа ќе дојде откако ќе се реши спорот за името. Всушност, Грција има генерална стратегија: се' додека не се надмине проблемот, да нема друга комуникација со нас, освен на премиерско ниво.



Во Истанбул се сретнавте со вселенскиот патријарх Вартоломеј, какви се Вашите впечатоци од средбата?

Со патријархот Вартоломеј имавме многу срдечна средба, што траеше повеќе од 30 минути. Ни укажа посебна чест и целата делегација ја прими во неговиот личен кабинет, а не во салата предвидена за средби. Патријархот искажа задоволство што е воспоставен дијалог меѓу премиерите на двете држави и од него слушнавме искрени желби за поскоро изнаоѓање решение околу спорот за името. На мојата покана да дојде во Македонија, што ќе претставува голема радост за македонските граѓани, возврати дека со задоволство ќе ја посетел нашата земја тогаш кога ќе се реши спорот за името.



Според Вас, како се спроведува македонската лустрација?

За жал, некои сакаат да ја искористат лустрацијата за дневнополитички интереси и партиски пресметки. Па, наместо институционална, да има улична лустрација. Имаме реален проблем, бидејќи процесот го почнавме многу доцна. Во сите други држави лустрацијата се спроведе во почетокот на промената на системот и прочистувањето на општеството траеше кратко.



Можеше ли да се обезбеди поголема независност на Комисијата и да се спречи доверливи информации да истекуваат во партиските штабови?

Не е добро за самиот процес тоа што во јавноста излегоа доверливи информации, се извалкаа личности, имаше и закани за членовите на Комисијата за верификација на фактите. Оваа Комисија е избрана во Собранието со двотретинско мнозинство гласови на пратениците и од власта и од опозицијата, па треба да им дадеме целосна легитимност на нејзините одлуки. Ако почнеме да се сомневаме во нејзините одлуки, тогаш под сомнеж го ставаме целиот процес. Во секој случај, конечната одлука за тоа дали некој бил соработник на тајните безбедносни служби треба да ја донесе судот.


#
Статијата е прочитана 1327 пати.

Испрати коментар

Од: kiril od skopje
Датум: 12.10.2010 12:28:38
Vo vrska so dogovorot za imeto, kazuvanjata na nasiot politiar se samo magla i samo gi zgolemuvaat frustraciite na obicnite luge. Dosta e.... i
Од: b
Датум: 12.10.2010 12:59:53
Очекувал датум за преговори! Серјозен е?
Од: Проф. Жарко пд Злетово
Датум: 12.10.2010 14:59:17
Ц,Ц,Ц! Сироти Трајко, каква чест добил од васеленскиот патријарх? Го примил во работниот кабинет!!!
Од: susamco
Датум: 12.10.2010 15:38:41
ocekuval datum za pregovori??? toj ce bide vo penzija, a uste ce nema aber od pregovori, a kamo li datum. si pravi su umot bajram i razbira se, mora da zboruva so umot na pastirot. e more trajko. tesko na ovaa zemja so takvi "puliticari " kako vas vemereovcite.
Од: iskren
Датум: 12.10.2010 19:25:42
datum za pregovori so kogo,dosta go lazete svojot narod sramota. so vakva politika nema dogovr so nikogo, nie se posiromasnio a vie bogami nafatirani za cel zivot i na vasite pokolenija.
Од: sv dimitrija
Датум: 13.10.2010 01:28:34
Na zalost na poedini Makedonci koj veruvaat toj problem za imeto ke se reshi ,toa e nevozmozno .Za vlez vo EU i NATO imeto ne smee i ne mozi da se zamenuva . I drugo ne mislete ako vlezite vo EU ,vie ke si uzivate po kafulinjata a EU ke raboti i ke ve HRANI kako Paraziti.
Од: Разочаран
Датум: 13.10.2010 04:21:26
„Впрочем, Уставен суд го правеше тоа и во сите претходни собраниски состави. “ - Зошто тогаш пастирот постојано повторува дека Уставниот суд работи за СДС?
Од: MILE GEVGELIJA
Датум: 13.10.2010 09:14:09
Ocekuval pregovori; so kogo .samo neka ocekuva.Narodot sto ocekuva odovie drzavata ja napravija privatna svoina,samo do koga neznam.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Старо-нова облека
Врачена државната награда „11 Октомври“
Не не' сплоти ниту Денот на востанието
Ламбе - победник, доминација на ѕвездите од реалните шоуа
Кина како суперсила
Македонско-бугарски историски контроверзии (3)
Со пушачите, избега и заработката од локалите
Амбасадори жив штит на геј-парадата во Белград
Пробив на насилничка деструкција
Ставрески носи полн куфер пари од Вашингтон
Македонија поразена од Русија во Скопје
Власта го скрои новото име?
Се изгуби духот на маалата
На маката се познаваат јунаците
Српските хулигани дивееја во Џенова
Тавтологија на нихилизмот
Криволовец отстрелал елен-капиталец
Стил
„Џамбо“ на двонеделна пауза
Интернетот најкористен медиум во светот
Цивилен товарен авион се урна кај Кабул
Патиштата како бојни полиња






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia