Број 3404  вторник, 12 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

ЕВРОПА - БАЛКАН

Пробив на насилничка деструкција

Иван Торов

Oвој пат полицијата успеа да ги заштити хомосексуалците

БЕЛГРАД - Во право е српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ: со интервенција на над 5.000 полицајци, спречено е крвопролевање на улиците на Белград. Меѓутоа, полицијата не успеа докрај да го спречи гневот на повеќе од 6.000 припадници на најекстремните десничарски и навивачки групи, кои поради одржување на Парадата на гордоста на геј-популацијата во Србија, во неделата, на 10 октомври, го претворија поширокиот центар на главниот град во вистинска воена зона. Силните полициски сили овозможија парадата да се одржи без какви било инциденти, да успее во формална смисла, но и меѓу самите учесници (околу 1.000) можеше да се забележи потиштеност, и поради количеството омраза што се чувствуваше во Белград и поради фактот што „шетаа“ во сенишно испразнети и блокирани улици, практично во организација и режија на самата полиција, која потоа ги разнесуваше на безбедни локации.

Меѓутоа, тој, условно речено, успех имаше своја цена: поширокиот центар на Белград (на потегот од Автокоманда до Калемегдан) е демолиран, уништена е сообраќајната сигнализација, гореа контејнери, 11 полициски возила беа запалени или уништени, страдаа градските автобуси и тролејбуси, скршени се стаклата на многу институции и ограбени се бројни продавници, а мирисот на солзавец се чувствуваше во голем дел од градот. Во повеќечасовната пресметка на полицијата и противниците на Парадата на гордоста се повредени 158 лица, од кои дури 124 полицајци, приведени се повеќе од 200 учесници во безредијата, уапсен е лидерот на клеронацистичката организација „Образ“, која се смета за еден од главните организатори на отпорот спрема државата и полицијата. Гореше и седиштето на Демократската партија во Крунска улица, каде што се пукаше и од огнено оружје, а цел на илјадниците хулигани беа и просториите на Социјалистичката партија на Србија (чиј претседател е министерот за полиција, Дачиќ), Либерално-демократската партија и државната Радио-телевизија.

Србија во неделата испрати во светот двојна слика за себе. Една, нова помалку или повеќе, во најава, која треба да покаже дека актуелната власт е подготвена на патот кон Европската унија да се почитуваат човековите права, и тоа што, на конкретен пример, на Парадата на гордоста, овој пат не се повлече (како минатата година). Второто лице е она старото, препознатливото, антиевропското, кое дава отпор на се' што засега во конзервативниот националистичко-семеен традиционализам и кое има силно упориште и во делот на десничарските политички партии и црковните кругови и во бројните клеронационалистички и екстремни навивачки групации. Фактот дека овој пат полицијата успеа да ги заштити хомосексуалците од разулавените млади „бранители на српските семејни вредности“, овозможувајќи им јавно да го манифестираат незадоволството од својата положба во општеството, меѓутоа не го намалува тмурниот заклучок дека мнозинска Србија нема разбирање за проблемите на вакви и слични малцински групи. И дека владејачката коалиција, кога денес би организирала избори, по се' што се случуваше во неделата во главниот град, сосема сигурно би доживеала пораз. Едноставно, Србија е дел од специфичниот балкански конзервативен менталитет и ќе биде потребно уште многу време за да може свеста за толеранција и почитување на правата на малцинските групи од различни профили да стане нешто нормално и вообичаено. Парадата на гордоста, всушност, пред се', поради фактот дека Србија неодамна го усвои Законот за борба против секаков вид дискриминација, како и поради тоа што во неделата ја предводеа високи официјални претставници на ЕУ, Советот на Европа и ОБСЕ, во присуство на многу западни амбасадори, но и со видно отсуство на политичарите од власта, беше сериозен тест за подготвеноста на српските политичари нивната земја, конечно, да исчекори од предолгиот период на омраза, нетолеранција и националистичка исклучивост и насилство, да создаде видливи демократски перспективи и така на дело да потврди дека европските амбиции и вредности се стратегиски национална, а не прагматична и демагошка дневнополитичка цел. Можеби се во право оние што мислат дека отпорот спрема државата со најекстремни и деструктивни сили, во кои некои кругови на Српската православна црква и исклучиво националистички партии играат видлива, можеби и решавачка улога е вистински индикатор за можен пресврт во намерата на властите да ја сменат и самата Србија, сепак, преовладува ставот дека се' уште е прерано за такви оптимистички очекувања. Србија е во длабока, пред се', политичка и морална криза, која спречува нејзината транзиција да се одвива без драматични кршења, судири и пресметки.

По најновиот пробив на брутално насилство низ белградските улици, кое не е прво, а веројатно нема да биде ниту последно, државниот врв има прилика најпрво да утврди кој и што стои зад несомнено доброорганизираниот напад на државата и на нејзините институции. Фактот дека полицијата имаше исклучително тешка задача речиси истовремено да се пресметува со хулиганите на десетина меѓусебно оддалечени локации во градот покажува дека се' било однапред смислено и организирано и дека мотив не била толку Парадата на гордоста колку што биле амбициите на некои кругови и на овој начин да се прекине отворањето на Србија кон светот. Од тоа произлегува заклучокот дека насилничката деструктивност на улиците, всушност, беше политички инструментализирана, како што покажува и неофицијалниот податок дека 60 отсто од уапсените не се од Белград, дека нивна цел биле политички партии со проевропска ориентација, државната Радио-телевизија, Народното собрание и амбасадите на западните земји. И дека судирот на полицијата и десницата, всушност, е предигра за нешто поголемо што се подготвува, а што никој се' уште отворено не е во состојба да го објасни докрај. Дали е во прашање обид за државен удар од десницата или нешто друго, ќе покаже истрагата, што ќе зависи, секако, од тоа колку актуелната власт сака да оди далеку во пресметката со најретроградните кругови во Србија. Владата и претседателот на републиката најавија остар одговор на државата кон насилството, но дури наредните денови ќе се покаже дали таа најава е само емотивна реакција на фактот дека полицијата беше најголемата жртва на насилниците или почеток на енергична пресметка со клеронацизмот и десничарската деструкција. За волја на вистината, на државата не и' оди во прилог фактот што стана актуелен токму пред и по одржувањето на парадата на геј и лезбиската популација, дека иницијативата на самите државни органи Уставниот суд на Србија да го забрани дејствувањето на клерофашистички организации, како што се „Образ“ и Народното движење „1.389 наши“ и бројни навивачки групи, цела година чека на епилог.


#
Статијата е прочитана 756 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 12.10.2010 13:11:06
Ne go odobruvam ova diveenje po Belgrad od strana na protivnicite na gej paradata, no ne go odobruvam ni "terorot" koj go sproveduva ovaa malcinska grupa od stotina "gordi" bolesnici(neznam kakva e taa gordost koga i sopstveniot roditel se srami od niv)koj vo sredina koja nema nisto zaednicko so ovoj vid "nastranost" ,provokativno se nametnuva nesto sto ne e svojstveno za ovoj Balkanski narod.
Од: Rage
Датум: 12.10.2010 22:40:23
Dobar komentar na Jovan, cista definicija! Angelot Lucifer stana gjavol zaradi gordosta, covekot stana smrten zaradi gordosta, i jas ne sakam nekoi gordi puni sebe da go upropastat i svetot!
Од: milan
Датум: 12.10.2010 23:56:41
koga dva homoseksualci ostaveni na pusto ostrovo ce mozat da go prodolzat covekoviot rod-znaci da imaat porod, togas tie ce mozat da se smetaat za normalni. do togas, normalni se onie koi go prodolzuvaat rodot. prirodata ne bi stvorila nesto sto ne moze da se razmnozuva. de facto-ne se razmnozuvaat, tuku se sozdavaat ;-)
Од: Zarko
Датум: 13.10.2010 02:29:19
Tragichno e shto g-din Torov kojshto zivee vo Beograd nekolku decenii taka lesno gi prifaca homo-evropskite integracii, kojshto i se nametnuvaaat na Srbija, na malechka vrata. Chudno e kako ushte ne seushte ne go zapoznal edinstveniot srpski mentalitet, koj ne saka da prifaca se shto neprirodno mu se nametnuva: kako shto e prifacanje na "bolni ludje" koishto ne ostavaat potomstvo pozadi sebe, ili prosto recheno odat "na race namesto na noze", prifacanje na oficijalna poseta na politicar kojshto ti ja parchosuva zemjata, pak ce moram prosto da objasnam, da primash kako gostin vo svojata kuca chovek kojshto na sila ti ja zemal spalnata soba kajshto si go stvoril semejstvoto. Toa mozebi za nekoi drugi zemji,narodi,mentaliteti e mozebi "normalno", no vo sekoj slucaj za Srbite ne e,niti moze da bide. Srbite se gord narod kojshto ne dozvoluvaat nekoj da si poigruva so nivnite nacionalni chustva, koga neshto ne e vo red, tie go otfrlaat toa, kako na 5.10.2000 taka i na 10.10.2010

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Старо-нова облека
Врачена државната награда „11 Октомври“
Не не' сплоти ниту Денот на востанието
Ламбе - победник, доминација на ѕвездите од реалните шоуа
Кина како суперсила
Македонско-бугарски историски контроверзии (3)
Со пушачите, избега и заработката од локалите
Амбасадори жив штит на геј-парадата во Белград
Oчекувам датум за преговори
Ставрески носи полн куфер пари од Вашингтон
Македонија поразена од Русија во Скопје
Власта го скрои новото име?
Се изгуби духот на маалата
На маката се познаваат јунаците
Српските хулигани дивееја во Џенова
Тавтологија на нихилизмот
Криволовец отстрелал елен-капиталец
Стил
„Џамбо“ на двонеделна пауза
Интернетот најкористен медиум во светот
Цивилен товарен авион се урна кај Кабул
Патиштата како бојни полиња






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia