Владата покажува дека е изгубена во простор и во време околу прашањето за спорот за името
Стана пракса од интервјуата за странски медиуми и изјавите на министрите и другите државни функционери, дадени при посета на македонските државни делегации во странство, да дознаваме што мислат нашите од власта за суштинските проблеми со кои се соочуваме и кој е нашиот официјален став за одредени важни прашања.
Минатата недела од изјавите на неколку клучни министри и други официјални државни претставници, од различни места на Земјината топка, македонската јавност дозна дека стратегијата на Владата е да побара зачленување во НАТО и во други меѓународни институции на нашата земја под привремената референца, поранешна југословенска Република Македонија. По ваквиот став на Владата паѓаат во вода сите досегашни критики за национално предавство упатени на адреса на сите актуелни и поранешни македонски политичари кои прифатиле прием на нашата држава под референцата, во која било меѓународна институција, почнувајќи од нашиот прием во Обединетите нации.
Но, за жал, веднаш стигна пораката од клучните меѓународни фактори и наши поддржувачи дека тоа веќе не е можно и треба да се работи на планот за конечно решавање на спорот со името. Оваа Влада, со погрешната стратегија во почетокот на својот мандат во 2006 година и наводната цврста положба во спорот со името и антиквизацијата, ја испушти од рака можноста за зачленување во меѓународните институции под привремената референца што за нас во овој момент беше најповолна варијанта. Критикувајќи ја дотогашната политика на претходната влада што успеа под референцата да добие кандидатски статус за членство во ЕУ, Владата себе си, но и на Македонија и' направи мечкина услуга.
Многу позначајна, но, од друга страна, и крајно збунувачка е информацијата во врска со името на нашата држава што дојде од интервју за еден странски медиум, на министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски. Од споменатата информација може да се заклучи дека во Владата, односно во ВМРО-ДПМНЕ има коренити промени околу клучниот наш проблем, а тоа е наметнатиот спор од соседна Грција, околу нашето државно име. Според министерот Милошоски, ставот на македонската Влада, а со оглед на неговата висока партиска позиција и ставот на владејачката партија, е новото име на државата да важи од денот на влегување на Македонија во ЕУ. Поради чувствителноста на прашањето, би го цитирал доследно „затоа, треба двата процеса паралелно да се одвиваат,така што дури по официјалниот прием на РМ во ЕУ, би важело новото име“.
Од ваквиот став на Милошоски неоспорен е заклучокот дека Владата, но и најголемата партија во власта дефинитивно го напуштила непопустливиот став за промена на уставното име. Произлегува заклучок дека Милошоски и неговите сопартијци веќе не се на ставот дека треба да се зачува уставното име и не само што немаат против неговата промена туку тие можеби веќе имаат скроено и ново име, но само имаат проблем од кога да почне неговата примена во меѓународните институции. Тие не се против да влеземе во ЕУ под ново име, но само се плашат Грција да не не' блокира во текот на преговорите и покрај промената на името и затоа бараат одложена примена. Можеби овој став го имале и отпорано, но го криеле од јавноста.
На сите добро им е познато дека преродбениците не испуштаа прилика, а да не спомнат дека се чувари на македонското име. Но, сега е веќе јасно дека ниту го чувале ниту ќе го дочуваат. Ги чуваат само своите државни, функционерски позиции и колку повеќе го одолжуваат решавањето на спорот толку повеќе ја носат државата во понеповолна ситуација и ја оддалечуваат од евроатлантските интеграции. По се' изгледа дека актуелната власт ја чува Македонија, ама понастрана од ЕУ и од НАТО. Во чиј интерес е таквата политика на заложништво? Во наш сигурно не е. Власта покажува дека не им е до зачувување на името, туку бараат начин како да ја изведат промената, при што или би го оставиле тоа да го решава друг или, пак, ќе го решат на таков начин што ќе изведат божем референдум, но со однапред познат резултат, се' со цел само да ја намалат или да ја избегнат личната и партиска одговорност.
Од ваквиот став на министерот Милошоски, барем досега, не слушнавме да се огради никој од Владата или, пак, од партиите кои се во власта. Јасно е како бел ден дека ваквата изјава на Милошоски е наменета за да се испита расположението за подготвеноста на македонските граѓани колку е прифатливо едно вакво решение. Доколку има негативни реакции, што е за очекување, можеби министерот и ќе оди јабана во зависност од силината на реагирањето на јавноста. Затоа медиумите блиски до власта но и некои новинари ,,патриоти” се' уште ја премолчуваат, а некои само ја пренесуваат или му даваат позитивен пристап. Како ли само ќе се однесуваа доколку ваков предлог произлезеше од „предавничката“ опозиција. Отсега дефинитивно е јасно оти не е опозицијата таа што праќа сигнали до Грција дека во државата има политичари со омекнат став околу спорот, туку тоа е претставник на Владата и тие самите си ги намалуваат стартните позиции во преговорите.
По привидниот молк што владее по даденото интервју, останува отворено прашањето што е тоа што ги натера владините претставници за ваквите изјави. Дали имаат сознанија за лошо сценарио за нас, па сега молат за употреба на референцата или, пак, дефинитивно сфатија дека граѓаните ја препознаа нивната политика, која ја води земјата на слеп колосек и без решение на спорот нема иднина, па затоа глумат некаква наша конструктивност.
Со пристапот во последно време, Владата покажува дека е изгубена во простор и време околу прашањето за спорот за името и нашите евроинтеграциски процеси и дека имаат две стратегии, една за дома, а друга за надвор. Така кога се во државата, по селските чешми и калдрми, се чукаат по гради и изјавуваат дека нема попуштање од уставното име и по цена на лер состојба за ЕУ и за НАТО, а кога се надвор, пред странските дипломати, тогаш дури имаат предлог и за ново име и надминување на статус кво состојбата. Еднаш ја критикуваат референцата, а потоа ја бараат како со боринче и сакаат подолго да останеме под тоа име и таа повеќе не е срамна, како што милуваа да ја нарекуваат порано. Ги кажуваат црвените линии на јужниот сосед, а за нашите ниту да гукнат во Советот на Европа. И во поранешни мои колумни сум пишувал дека клучната улога во решавањето на спорот, во догледно време ја има ВМРО-ДПМНЕ, без разлика дали е на власт или опозиција. Но, наместо да им се праќаат пораки на македонската јавност преку министерот за надворешни работи, за да се испита пулсот на граѓаните и да се губи времето со барање за прием под привремената референца, треба конечно да се соопшти јасно и недвосмислено ставот на Владата и ВМРО-ДПМНЕ. Нашите владини претставници наместо да искажуваат задоволство од поддршката на нашите меѓународни пријатели за да ги смируваат своите гласачи, треба да го кажат владиниот одговор и на вториот дел од разговорите поврзан со барањето на странците за решавање на спорот, а дури потоа членство. Треба да признаат за погрешната меѓународна политика, да преземат конкретни чекори, а потоа да побараат поддршка од опозицијата и да се изгради заеднички, државен став. Се' друго е само слаба глума и губење време.
Cela politicka Grcija znae deka novoot ime ke bide CENTRALNA R.MAkedonija i sega se vo pregovori so opozicijata za taa rabota. Prosetajte do Grcija i ke vidite.
Од: bezboen
Датум: 12.10.2010 12:39:59
Nema sansa ovcarot da priznae greska, pa neli on e nepogresiviot a i rejtingot moze da mu padne. Eh dolgo mu treba na ovoj narod da vidi deka od prerodbata nema nisto se e veter i magla, samo edna rabota od ovaa vlada ni ostana sigurna ,OMRAZATA. Omrazata megju dovcerasnite prijateli koi se razlicno oboeni omrazata vo familiite koi imaat razlicni boi omrazata vo sekoj vlez vo zgradite pak zaradi oboenosta. Nikoj pat ne treba vo idnina da dozvolime politickite partii da go napravat ova povtorno. Dovolno bese se sto preziveavme dosega i treba vlasta da im ja doverime ne na Branko ili Grujo tuku na partija sto ke raboti za Makedonija da stane del od uspesna Evropa Makedonija vo koja ke se zivee pristojno.
Од: gimi
Датум: 12.10.2010 12:44:45
Господине Најдовски не верувам дека не разбираш од политика, повеќе мислам дека со критика на сегашнава влада сакаш повторно да и се додворуваш на поранешната влада на која и ти самиот и припагаше.Па таа твоја поранешна влада
на чело со Глигоров и Црвенковски го измисли ова
име ФИРОМ.Што се однесува до обидот на сегашнава влада да станеме членка на НАТО и
ЕУ под тоа име е добар потег, за после тоа како
членки на тие институции од подобра позиција да бараме и конечно решение на спорот со името кое со нас го има Грција.Е сега колку ке успееме во тоа да станеме членки на НАТО и ЕУ
како ФИРОМ е друго прашање.
Од: Itar Pejo
Датум: 12.10.2010 12:55:19
Ajde neka ni e cestito novoto ime ! Uste ne ni e kazano kako naskoro ce se vikame ama siguren sum deka toa ce bide mnogu ubavo ime. Ovaa vlast ima mnogu prefinet vkus, videte go Skopje 2014, Siguren sum deka vo imeto ce ima nekakva aluzija na konj i lav. A nie ne ce bideme podstrizeni tuku lusteri!
Од: do gimi
Датум: 12.10.2010 13:08:55
Со твојот омилен водач никогаш ништо нема да успееме. Едино што тој успева е да те натера секогаш да мислиш како него, а ти успеваш добро да му се упикуваш. Замисли како ти ке реагираше некој друг да предложше членство под БЈРМ? А вака било добро! Бре мајката. Што не ми кажа вчера дека било умно.
Од: Митко
Датум: 12.10.2010 13:32:13
прво да Расчистиме, кој имаше мандат да поднесе барање за членство во НАТО и ЕУ под референцата ?? .. прво Бранко се додека беше на власт а под еуфоријата од признавањето од Буш тврдеше дека нема резон да се менува уставното име кога толку држави не признале.. прв пат во букурешт, каде главен беше Б.Ц. се направи обид за прием во НАТО под референцата, но јасно беше дека Грција по секоја цена ја блокираше Македонија, се дозна подоцна дека имале такви инструкции. Истото е и сега, ако се смени името ке дојде промена на идентитетот, па Уставот, па сите лични документи, па цела катстарска евиденција и што ти не..
Од: Komentator
Датум: 12.10.2010 13:47:51
Ќе признаат најпосле вмро-овците дека цело време Македонија е во нивно заложништво.Само за да собират поени изиграваа големи патриоти и божем се бунеа за “промената “ на името кое всушност беше привремена референца која кога тогаш треба да падне , а која беше неминовен излез од економската блокада (окупација) од страна на Грција па и на цела Европа ,со Лисабонската декларација.И бидејки знаат сега што ќе се прифати името тоа останува за век и векова а тие што ќе го прифатат ќе бидат вековни “издајници”(што јас лично не би се сложил со тоа).Затоа Грујо бега од овој врел костен.Па сега сака да влезе во Европа ама бремето да го префрли на некој друг ако дојде на власт.СТРАШЛИВЕЦ!!! Кога си дошол на власт треба да си спремен и на вакви не популарни одлуки како што тоа го направи Киро Глигоров согласувајки се да донесе непопуларна одлука штетна за неговиот рејтинг но корисна за Македонија без блокади.
Од: Македонија од СЕВЕР
Датум: 12.10.2010 16:26:34
Најдоски глумите или не знаете...еј..па веке има година и некој месец од прошлиот август.....
Не е важно дали север,југ главно го содржи името Македонија...а помошта што е земена од ЕУ да се даде на народот....се знае дека во ЕУ нема да влеземе веднаш,тука е проблемот.оти сме сиромашни,невработени,никој не не сака додека не се оправиме.
Од: tihi
Датум: 12.10.2010 16:27:59
Nemozam da svatam dali vie sakate nekakvo resenie ili vi e pobitno toa da vlijae na rejtingot na Grujo ,bez obzir za interesite na drzavata.Kazete go jasno vasiot stav za da go kritikuvate drugiot.A Grujo si znae deka deka sekoj negov kiks so imeto go nosi vo provalija od koja nema vrakjanje.
Од: realist
Датум: 12.10.2010 16:51:02
Zosti na ovoj napaten makedonski narod ne mu e jasno?
DPMNE-do vcera go obvinuvase za predavstvo na imeto zatoa sto kako FYROM ,sdsm dozvoli da bideme primeni vo ON.A sega tie istite pod toa "predavnicko ime"baraat da vlezeme vo NATO.
Pa zarem sega tie ne vrsat predavstvo?
I zamislete,odkako ke zavrshat pregovorite vo EU da sme vlezele pod novoto dogovoreno ime?"
Pa zarem toa ne e uste edno predavstvo gledano so dioptrijata na DPMNE?
Ili pak sega tie se spasitelite?
Samo edno ne mi e jasno,kako ova vtoroto ke mu go plasirate na lugeto koi veruvaat deka DPMNE e bedemot koi uporno ne go dava imeto/?
Ili pak mislite deka si imate rabota so prost narod pa sto ke mu servirate toa ke goltaaat?
Se lazete ako go mislite ova vtoroto
Од: ФЕЛИКС
Датум: 12.10.2010 18:36:50
Очекував повеќе од докажаниот економист да барем малку издискутира за кредитот на ММФ дали е добар или не.Дали треба да се користи за наведените проекти од енергетиката за кои тој секогаш критикуваше да ,,се немало визија во енергетиката,,.По се изгледа од посочениот текст се гледа да нему лежи баш опсервирањето на проблемот со името.Се повторуваат исти фоскули а при тоа не се нуди контрарешение.Познат стил опозициски како да не егистираат политички тука.
Од: karokan "gambit"
Датум: 12.10.2010 18:37:18
E pa g-dine Mitko i jas sum "prvo da rascistime".
Da rascistime dali ti imas identitet i koj e tvojot identitet sto taka lesno moze da se smeni.
Pa neli sega sme PJRM-so kakov identitet se deklariras ti??????????????
Edno vreme bese NRM,koj bese togas tvojot identitet????????
Potoa SRM-koj bese pak vo toa vreme tvojot identitet??????????????????????
A zamisli deka uste pred da sozdademe drzava
nekoj se identifikuval kako makedonec!! Vrz osnova
na stro (spored tvojata logika)???????????
A zamisli deka edno cudo lugje vo dijasporata
(nadvor od nasata zemja) koi nitu poteknuvaat od podracjeto sto sega go pokriva nasata zemja,
nitu dobro go poznavaat makedonskiot literaturen jazik (tuku dijalektniot),se identifikuvaat kako makedonci.Vrz osnova na sto?????????????
Koj li ti dade motika da ja navracas vodata na
vodenicata na nasite negatori!!! Ako pak sam si ja zel motikata togas potpri se na nea i ne kopaj.
Odnosno,ako ne znaes molci.Ponekogas molcenjeto e zlato!!! "Zlaten" n
Од: Шалабајзери
Датум: 12.10.2010 22:20:07
Овие од власта се однесуваат како да се во детска градинка! Наместо да водат сериозна и одговорна политика, тие се занесуваат дека можат со ефтини трикови да ја манипулираат медјународната заедница, како што тоа го прават со граѓаните на македонија. „Но пасаран“. Сега и македонските граѓани дефинитивно ќе „прогледаат“, што може да има тешки последици за власта на измамниците.
Од: Трпе
Датум: 12.10.2010 23:53:54
Незнам овие дечиштава што си играт власт,дали учеле историја.Тие не учеле и за политика а стана политичари со лажен патриотизам.Камилата сакала и рогови но и без уши останала.Но грбата ке ја носи обичниот народ а дисаѓите фамилијата и тоа полни.
Од: nacional-patriot
Датум: 12.10.2010 23:55:18
Planot na Milosovski bese obid da se izmami Atina.Toa vaka bi odelo:otkako Makedonija bi stanala clenka vo EU,makar i so privremenata referenca,Makedonija veke bi nemala potreba da razgovara so Atina i koga Atina ke pobarase Makedonija da go prifati novoto ime,Makedonija ke odbiese i ke bese izmamena Atina.Znaci toa e namerata na ovaa vlast vo Makedonija,da stane clenka vo EU,a nikogas da ne prifati kompromis so Atina.Ova e dobra strategija i zatoa Atina ova nema da go prifati.Sepak jasno e deka ovaa vlast nema da prifati nokogas promena na imeto.Vo minatoto,NRM,SRM,bile dodavki na prefiksot republika,a ne na imeto Makedonija.Sega od Makedonija se bara dodavka na imeto Makedonija,no nikogas nema da se prifati.
Од: Феличита
Датум: 13.10.2010 08:38:37
Среле.бегаш од темата,како ѓавол од крст.Кажи што ти е ставот: "Call me FYROM" или "Don't call me FYROM"?Некако,ползечко-симулирачки,се обидуваш да бегаш,визави,нели?Ај не ви е првпат,кај оние кај кои Бате станува Дада,се е можно!