Врачена државната награда „11 Октомври“
Во Собранието на Република Македонија, вчера беше врачена државната награда „11 Октомври“ за 2010 година на добитниците Раде Силјан, Глигор Тренчевски и Серафим Томовски.
Раде Силјан, поет, литературен критичар и есеист, е добитник на наградата за животно дело во областа на културата и уметноста.
Професор Глигор Тренчевски, педагог, е добитник на наградата за животно дело во областа на образованието. Проф. д-р Серафим Томовски, сметководител по финансиски инвестиции и развој, е добитник на наградата за животно дело во областа на науката.
Наградата „11 Октомври“ се доделува за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Македонија. (К.Р.) |