Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
06.03.2012, 18:11

Интервју: Црвената папка е затоа што гори

Македонија се наоѓа во драматична состојба. Фрижидерите се празни, домовите студени, фирмите на колена, вели Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ

Нина Нинеска-Фиданоска


Опозицијата се чини дека го менува курсот, па наместо жестоки крикики кон Владата, сега промовирате еден поинаков, конструктивен пристап. На што се должи тоа?

Точно е дека на последните три прес-конференции на почетокот јавно посочував дека нема да ја критикуваме Владата на ВМРО-ДПМНЕ и дека сакаме да ги промовираме економско-социјалните мерки што треба да се преземат за да се преживее 2012 година. Но, конструктивниот пристап на СДСМ е постојано присутен, само сега тоа малку повеќе го потенциравме. Да потсетам, минатата година кога Владата одлучи да ја намали акцизата за да поевтинат бензините, мерката беше предложена од СДСМ. Истото важи за легализацијата на дивоградбите, намалувањето на ДДВ во туризмот, заштитата од енергетска сиромаштија, СОС продавниците, итн. Што се однесува до жестоките критики, нив ќе ги има и понатаму, најважно е дека се аргументирани.



Сметате ли дека преку предлагање мерки, наместо постојано критикување, ќе покажете пред граѓанството дека сте одговорна партија и дека така полесно ќе ги придобиете неговите симпатии?

Македонија се наоѓа во драматична состојба. Фрижидерите се празни, домовите студени, фирмите на колена. Никој веќе не зборува за тоа што планира да прави за година или две. Муабетот е сведен на тоа како да се преживее денот, месецот. Во очите на луѓето се гледа страв од тоа што носи утрешниот ден, ќе може ли да се прехрани семејството, да се платат сметките. Во вакви околности размислуваме само за една работа - како да ги спасиме граѓаните и економијата.



Прво излеговте со 15 мерки, а потоа уште два пати ги надополнивте. Кој е тимот или поединците што ги подготвија мерките, колку време се работеше на овие идеи?

СДСМ понуди вкупно 27 мерки. Мерките се подготвени во соработка со релевантни експерти, при што особен удел има неодамна формираниот Економско-социјален совет на СДСМ. Подготовката на мерките започна уште во моментот кога Владата излезе со нереалната проекција за економски раст од 4,5 отсто во 2012 година. Уште тогаш знаевме дека Владата со нереалниот оптимизам сака да купи време и дека нема ништо да преземе. Тоа и се покажа, еве сме во третиот месец од годината, состојбата постојано се влошува, од Владата нема реакција.



Што симболизираше црвената папка во која ги предадовте пакет мерките во Владата?

Таа ја симболизираше ургентноста на ситуацијата, дека во земјата гори на економско-социјален план. Крајно време е да се преземат конкретни мерки.



Очекувате ли дека премиерот ќе ве повика на првата наредна седница на Економско-социјалниот совет како што апелиравте, за заедно да ги разгледате мерките?

Вицепремиерот Владимир Пешевски изјави дека ги отфрлаат мерките на СДСМ. Зачудува тоа што тој изјавата за отфрлањето на мерките ја даде многу кратко време откако беше објавен последниот дел од пакетот мерки на СДСМ. Тоа значи дека Пешевски и да сакал, немал доволно време да ги проучи мерките, а камоли пак да заземе сериозен став за нив. Искрено се надеваме дека Владата ќе покаже зрелост, ќе ги разгледа мерките заедно со СДСМ и дека потоа заеднички, како законски предлози ќе ги поднесеме и усвоиме во парламентот, се' со цел да ги спасиме граѓаните и економијата.



Првата реакција од ВМРО-ДПМНЕ беше дека дел од овие мерки биле спроведувани уште во времето на социјализмот. Како го коментирате таквиот „фидбек“ од владејачката партија?

Првичните реакции на ВМРО-ДПМНЕ беа импулсивни. Не знаеја како да реагираат, беа збунети од лавината мерки понудени од СДСМ.



Последните коментари, пак, од владини министри, беа дека мерките што вообичаено ги предлагате имаат сериозни фискални импликации и можат да предизвикаат дисторзија на пазарот. Дали се согласувате?

Не се согласувам со коментари дадени лесно, онака патем, „од нога“. Пакетот мерки предложен од СДСМ е заокружена целина и тој треба заеднички детално да се разгледа за да може да се даваат оценки.



Предложивте огромен број мерки. За која или кои сметате дека се најбитни и дека треба да и' бидат приоритет на Владата доколку се реши да ги прифати и да ги имплементира во своите економски политики?

Сите мерки се внимателно дизајнирани, конкретни и реално остварливи. Групирани се според проблемот што треба да го решат. На пример, на граѓаните треба да им се олесни преку тоа што ќе им се дава ваучер од 2 илјади денари на семејствата без ниту еден вработен за купување основни прехранбени производи, предложивме да се намали акцизата за да се поевтинат бензините и тоа да трае најмалку 3 месеци, да се замрзнат цените на јавните услуги, на водата, комуналиите итн. до крајот на годината, УЈП привремено да се ангажира како контролор за исплатата на платите за да се осигура исплатата на минималната плата утврдена согласно законот, да се утврди категорија „земјоделско семејство“ за семејства во кое 3 или повеќе членови живеат само од работа на земјоделскиот имот и немаат друг ангажман и на тие семејства да им се дадат дополнителни поволности.



Идејата богатите да плаќаат повеќе данок ја црпите од најновите светски трендови на се' поголем број земји кои воведуваат повисоки стапки за поимотните, или сметате дека прогресивната стапка своевремено, додека СДСМ беше на власт, даде добри резултати?

Не размислувам за минатото. Денес во Македонија населението забрзано се раслојува од социјален аспект. Анкетите покажуваат дека 91 процент од населението не може или едвај врзува крај со крај во месецот, само 9 проценти успеваат и да заштедат. При ваква немаштија како што е денешнава, идејата богатите да платат малку повеќе данок, а најсиромашните семејства без ниту еден вработен да добијат ваучер за да купат најосновни прехранбени производи е толку нормална. Богатите плаќаат данок по повисока даночна стапка во најголемиот број земји во светот, вклучително и во оние најразвиените капиталистички земји, како што се САД. Навистина, вицепремиерот Пешевски треба да им објасни на граѓаните кого всушност се обидува да го заштити кога ја отфрла идејата богатите да плаќаат данок по малку повисока даночна стапка.



Кои мерки ги предлагате за фирмите?

Знаејќи дека годинава тешко ќе оди извозот на европскиот пазар, треба да ја зголемиме домашната потрошувачка. За таа цел предлагаме да се воведе т.н. „даночен празник“, во еден ден во годината, во сабота пред Велигден. На тој ден од 8 до 18 часот купувањето на македонски производи од страна на граѓаните да биде ослободено од ДДВ, што производите ќе ги направи многу поевтини, а прометот поголем. Предлагаме поволности за сите фирми што ќе користат домашни суровини и репроматеријали, што ќе инвестираат во фабрики и ќе отвораат работни места, што ќе увезуваат опрема. Предлагаме преполовување на казните, тие да бидат различни за фирми со различна големина и да не се затвораат фирмите заради прекршок, а исто така и да се замрзне плаќањето на фирмарината во текот на 2012 и 2013 година. За ублажување на неликвидноста, меѓу другото, бараме државата да им издава гаранции на фирмите кон кои има доспеан долг подолго од 15 дена за да можат фирмите со таквите гаранции како обезбедување да земат поволен кредит од банките за обртни средства. Се разбира, задолжницата треба да важи и за државниот сектор.



Има ли пари за сето ова?

Ќе има, ако се замрзнат сите рекламни кампањи на Владата и јавните претпријатија, ако се откажат сите проекти од типот панорамско тркало и сплавови на Вардар, ако се вратат веднаш назад скапо платените, а неефикасни таканаречени економски промотори во странс��во. И, нека се намали ставката Стоки и услуги во буџетот за 10 отсто, само тоа ќе донесе заштеда од 50 милиони евра.



Барате од Владата да ги намали трошењата за панорамско тркало, сплавови на Вардар... Со оглед на досегашното однесување на Владата таа да не прифаќа никакви сугестии околу новиот „стил“ на Скопје, очекувате ли дека тоа ќе има ефект?

Неподготвеноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да отстапи од погрешните политики и проекти и брзината и леснотијата со која ги отфрла разумните предлози на СДСМ покажуваат дека власта го изгубила контактот со народот и со реалноста. Историјата не' учи дека на секоја власт што ќе се одвои од народот, што ќе престане да ги разбира неговите маки и што ќе почне да си живее во некој свој изолиран, идиличен и богат свет, деновите и' се одбројани. Само е прашање на време кога таквата власт ќе си замине.


Статијата е прочитана 2141 пати.

Испрати коментар



Нашите инвестициски потенцијали презентирани во Пуне
Владата ги спрема куферите за Германија и за Британија
Според Арифи, Македонија постигнува успеси
Опозициските закони паѓаат како круши
Латас осуден за навреда на Героски
Седум скопски чуда
Разрешени менаџерите на Детска клиника
Пензионер нема да може да раководи со комори од здравство
Наумовски



jovan, 07.03.2012 00:30:57
A imate li merka za vrakanje na dolgovite? Ako dojdete na Vlast, ke propadnete uste vtoriot den, koga ke vidite kolku dolgovi ima za vrakanje. Onoj koj ke go pobedi VMRO i dojdi na Vlast, ke bide najgolemiot gubitnik. Paradoksalno, no vistinito. Kasno e veke za se. Vo prazna kujna i najdobriot kuvar e bespomosen.
cane sokolovski toronto, 07.03.2012 04:30:39
Za zal, Jovan e vo pravo. Sega ne se isplati opozicijarta da pobedi.
девичанецот, 07.03.2012 08:06:01
Почитувана Нина, Ептен премногу конструктивен пристап. Без програма, без одговорни за нејзино спроведување. Секако, повторно ќе ги гледаме пред КАМ, Тинекс и друготе Маркети, како собираат доброволен прилог од граѓаните, па потоа да им го делат на некои за да гласаат за нив. Како државата да нема инстгрументи да ги потпомага социјалните случаи.
Леонид, 07.03.2012 08:53:14
Незнам каде г-инот Јовановски го стекнувал своето искуство, најверојатно како професорско дете веднаш бил примен да работи во Стопанска а после по партиска линија во Народна Банка како гооолем експерт. Сега овој лик кој што цел живот бил привилегиран и нема ниту еден ден практично искуство зборува за економија. Фрижидерите се празни, би запрашал дали на олигархијата што ја создаде СДС или неговиот, на Бранко, Шеќеринска, Јани? Дај луѓе немојте да бидете смешни? Прогресивно оданочување ќе применуваат на богатите, а богати се оние што имаат над петсто евра плата, тоа ли е програма за социјална рамноправност? Сега ја прифаќаат идејата за патриотски каси само во друго пакување. Страшна неинвентивност. Дајте заедно со вашите братја од ДПМНЕ да видиме кој се тие 9% на супер богати, па тогаш да оданочуваме.
Debarmalec, 07.03.2012 10:12:22
Jovane, Kolku pobrzo VMRO DPMNE zamine od vlasta tolku kujnata ke ostane popolna. Zarem treba da cekame da ne zafati grckiot veter i duri togas da se svestime sto ne snajde.Samo, na Grcite im pomaga EU a na nas koj ke ni pomogne? Dali ke ni pomogne sovetot na Vangel Bozinovski (eden od dvorskata kamarila) koj ne sovetuvase deka vo takvi (ne) priliki treba samo da gi pogledneme spomenicite i dusata ke ni se ispolni so milina. A teloto? A kujnata? Jovane, za zal, seuste vazi pogovorkata: od sto umniot se srami, budaliot se gordee.
Mudrec, 07.03.2012 10:19:47
Povekjeto predlozi se dobri i vo korist na siromasnite gragjani,osobeno mi se dopagja da ne se plakja DDV na Makedonski proizvodi na Velika Sabota. Toa sto ne chini e progresivnoto odanocuvanje, ne treba bogatite lugje da se osiromashuvaat, tie se dvigateli na ekonomijata. Niskite danoci se najdobroto nesto od ovaa Vlada i tamu ne smee da ima promeni. Vo odnos na izvorite na sredstva, poddrzuvam da se namalat opstite troshoci (ako e mozno), no ne poddrzuvam da prestane da se gradi. Se na se, dobro e sto SDS konecno nudi nesto, namesto plukanici i kletvi.
komunjar, 07.03.2012 10:41:24
Ja citam kolumnava i komentarot na Jovan i vo sebe si velam daj boze deka ne e taka kako stto pisuva,no rabotite se odvivaat pred nasite oci. Sto li ke dozziveme,nadata posledna umira,pa da se nadevame na podobro utre.
maja, 07.03.2012 10:51:38
Кај нас веќе има спроведено систем на скалесто оданочување, иако е неформален. Сите сиромашни работат, никој од нив не плаќа данок, па дури земаат и социјална помош. Ова важи за ред чистачки по домови, наемни работници, пазарџии на диво и на ситно, кои добиваат и бесплатна здравствена заштита, градинка за децата итн. Понатаму, оние поситните дуќанџии, земјоделци и таксисти, плаќаат данок, но пријавуваат многу мал промет. Само малубројната средна класа и оние побогатите, кај кои се оди преку трансакциски сметки, плаќаат данок по пропис.
Македонец, 07.03.2012 10:52:11
Кај мене веќе 20 години фрижидерот е полупразен... што значи за осиромашувањето во моето семејство се виновни и тие кои што сега пропагираат некакви си глупи идеји кои ги имаше во нивно време а не функционираа... затоа мене не ми е важно кој е на власт, зошто се исти... така да многу многу не им верувам на синиве медиокритети, а кој им верува има кратко памтење како што ми изгледа...
Иван, 07.03.2012 10:58:01
Предлозите се конструктивни,логични,добро осмислени и реално брзо остварливи.Мерките се насочени кон подобрување на животниот стандард и штедење,односно намалување на непродуктивното трошење на Владата. Јовановски е одличен теоретичар,аналитичар и практичар. Леонид-пред да навредуваш,прочитај му го CV-то и распрашај се во институциите каде досега работел а и во ММФ,Светска банка и сл.институции,па ќе видиш за каков стручњак станува збор.Не треба веднаш да се плука по секој што не е член на ВМРО.
Oskar, 07.03.2012 12:18:50
Iskreno zalam poradi bledite odgovori vo edna vakva teska sostojba. Vlasta vi nafrli tolku cisti topki za gol a gol nema. Gospoda od SDSM dovolno e da go sprecite nedomakinskoto trosenja na ogromnite sredstva za Prpektot Skopje 2014 i vo kasata na Drzavata ke ostanat poveke od 50 mil Evra. Sprecete gi site ovie najaveni barokni fasadi; na Vladata, NA-MA, Metropol, EVN, MEPSO, Trgovski Centar, mnogute stanbeni zgradi, Mostot so panoramsko trkalo, spomenicite na mostot Oko i Mostot na umetnicite, kolonadi i mnogu drugo. Ako cekate vlasta sama da zamine, pobrzo ke docekate penzija.
od citatel vo usa, 07.03.2012 13:23:14
leonid i site drygi kako nego zoran dane nema zavrseno fakyltet vo prilep pa zato nee nekoi si strycnak oti za vas samo prilpskijo fakyltet vazi za zaleni si a i vie sto se radyvate so spomenicite priberetesigi mladite stydenti da ne vi odat po drzavite da barat podobro ytro i da vi ginat po sveto samo amerika prokleta kolky stydenti izede za edna godina i vie se gordeite so spomenicite tragedija
Goran, 07.03.2012 14:14:48
site predlozi se konstruktivni, realno ramniot danok site zemji go izbegnuvaat i toa i treba nie da go napravime a ne so tvtdi stavovi da odime protiv toa deka Makedonija ne treba da gi sledi svetskite trendovi. Bravo za site predlozi uste ednas
Диме, 07.03.2012 14:16:53
Логични предлози кои што во голема мера би ја намалила кризата која ја створи дпмне во овие 6 години со владеењето
МIRKO, 07.03.2012 18:40:50
Se dopagalo toa nekomu ili ne, Zoran Jovanovski ke bide makedonskiot Ante Markovic. Na naseto stopanstvo e neophodna temelna reforma od aspekt na makroekonomskite i budzetskite politiki. Za ovie 6 godini aktuelnava vlast napravi mnogu greski koi nekoj drug ke mora da gi koregira. Site predlog merki se na mesto od vauceri za siromasnite pa se do zgolemeni danoci za extra bogatite, kako i podobri uslovi za rabota na firmite.
wd40, 07.03.2012 20:02:39
Odi be .... Ne vie koga bevte na vlast cvetase...Makedonija se dvizi vo prav pat.....Ednostavno Makedonija napreduva....Ovoj i slicnite sino-zolti ziveat vo druga dimenzija ...Friziserite bile prazni oj be legni si

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Облачно

Сабота
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C

Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |