Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
06.03.2012, 18:24

Владата ги спрема куферите за Германија и за Британија

Сега е во Индија, а веќе е договорено на 25 март да отпатува на бизнис-форум во три града во Германија и во Лондон

Маја Томиќ


Не запира агресивната владина турнеја низ светот за привлекување инвестиции. Додека се' уште трае роуд-шоуто во Индија и во Малезија, каде што вчера се посетија Мумбај и Пуне, центарот на автомобилската индустрија, веќе е направен планот за следната турнеја во потрага по инвеститори. Делегација на Владата ќе отпатува на 25 март во Германија, па во Лондон. Во Германија ќе се посетат три града, Штутгард, Дизелдорф и Хановер, каде што промоторите веќе оствариле контакти со некои компании. Во Лондон, пак, владина делегација ќе престојува еден ден и таму ќе одржи британско-македонски форум во претставништвото на „Дојче банк“, кое бесплатно ни ја понудило салата за состаноци.

„Делегацијата ќе ја предводи вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, а ќе присуствува и министерот за странски инвестиции Веле Самак. Сите овие посети се организирани од нашите промотори кои имаат остварено контакти со повеќе компании. Од нашата претходна посета веќе има многу заинтересирани британски компании за инвестирање во земјава и со нив повторно ќе се сретнеме на 30 март. Што конкретно ќе произлезе од средбите и кои се имињата на компаниите, сега е рано да се зборува“, вели директорот на Агенцијата, Висар Фида. Тој додава дека веќе е испратена покана до британски бизнисмени да присуствуваат на форумот, но засега е уште рано да се каже нивната точна бројка.

Инаку, во Македонија, поточно во зоната „Бунарџик“, веќе работи британската „Џонсон Мети“, а деновиве и „Бордерлес Еуропе“ го презеде радовишки „Голдмак“ и најави нови вработувања. Како што веќе објавија медиумите, зделката е резултат на посетата на принцот Мајкл од Кент, кој во јануари предводеше британска бизнис-делегација во Македонија во која имаше и претставници од оваа компанија. Од „Бордерлес Еуропе“ најавија проширување на капацитетот и зголемување на услужната дејност на „Голдмак“, според барањата на странските клиенти.

Во исчекување на претстојното владино роуд-шоу во Германија и во Лондон, Македонија веќе покажува интерес за поголема соработка со британски бизнисмени. На вчерашниот форум во Скопје за мрежно поврзување на компании од двете земји присуствуваа фирми од земјоделството, градежништвото, финансиски услуги, осигурување, информатичка технологија, безбедноста на патиштата и иновациите. Тие сектори се оценети како потенцијални за интензивирање на соработката. Со поддршка на Сојузот на стопанските комори и Амбасадата на Обединето Кралство, во рамки на форумот директни средби остварија 45 македонски и 16 британски фирми. Според вицепремиерот Пешевски, соработката меѓу Македонија и Велика Британија станува се' поинтензивна, а нови инвестиции биле најавени и при посетата на војводата од Кент. „Тогаш почнаа и определени контакти кои очекуваме наскоро да резултираат со конкретни инвестиции. Владата лани во Лондон веќе еднаш ги презентира можностите за инвестирање, а на крајот на март повторно ќе учествува на бизнис-форум. Целта е да се водат директни разговори за соработка меѓу компании, но и да се зголеми трговската размена и трансферот на знаење“, рече Пешевски.

Британската Амбасада ја поддржува Владата со неколку проекти меѓу кои и оној за процена на регулативата врз влијанието на бизнисот, кој предвидува пред носење на секој закон да се прават детални анализи за ефектите од неговата имплементација.




Статијата е прочитана 958 пати.

Испрати коментар



Нашите инвестициски потенцијали презентирани во Пуне
Според Арифи, Македонија постигнува успеси
Опозициските закони паѓаат како круши
Латас осуден за навреда на Героски
Интервју
Седум скопски чуда
Разрешени менаџерите на Детска клиника
Пензионер нема да може да раководи со комори од здравство
Наумовски



jovan, 07.03.2012 00:47:41
Koga nekoja drzava e dobra za investiranje samite investitori ja pronaogaat i go plasiraat svojot kapital. Ovaka samo sluzi za podsmev. Vo drzava vo koja nema razvoj, nema tehnoloski kadri, firmite pred krah, samata drzava prezadolzena, budzet koj sluzi za polnenje privatni dzepovi, stopanstvo vo koe opstanuvaat samo tajkunite pod zastita na politickata mafija, kriminalci/peraci na pari, ogromna nezaposlenost..... vo takva drzava nikoj normalen ne investira, osven ako ima namera i on tuka da isperi nekoja para, ili doaga poradi kriminal. Ili bega od sopstvenata drzava poradi kriminal, pa da najde zastita ovde. Normalen investitor proveruva se do detalj pred da investira, i znaat mnogu poveke od nas kolku sme posteni. Nikoj ne saka porezot koj ke go plaka da mu se trosi na spomenici, za penzii i plati na partiski vojnici, koj ne se negovi.
Mirko do Jovan, 07.03.2012 07:36:10
Jas koga mi treba dobra zenska zgodna ubava i pametna sam si ja baram i koga ke ja najdam odam vo osvojuvanje a site drugi koj nevredat mozes samo da pomines pokraj kej i sami ti se nudat za 200 den.Taka i nasata vlada osi i se nudi a svesna e, sekoj koj saka da investira sam si bara dobra pocva za investiranje.A da prasam pa neli samo pred nekoj mesec pred odenjeto vo Japonija bea 100 dusi vo Anglija pa neli tuka bese i princot.E so godini nanazad gospodinot Jovan go citam i sve sto pisuva e tocno ama koj da go slusne nasite komentari vo VECER ne gi davaat a patriotive od inat UTRINSKI NE go citaat.
Од Германија, 07.03.2012 12:41:16
Германските – и не само германските – фирми бараат ПРАВНА СИГУРНОСТ, а таа сега ја нема во Македонија. Кој би инвестирал поголем капитал во земја во која не може да се предвиди како ќе заврши една судска постапка? Тоа може да биде само некој што сака брзо да ги сврти парите. Исто така за поголеми инвестиции е потребна јасна перспектива. Македонија е вон НАТО и ЕУ и спрема тоа нејзината иднина е неизвесна.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Облачно

Сабота
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C

Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |