Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
06.03.2012, 18:21

Според Арифи, Македонија постигнува успеси

Вицепремиерката Теута Арифи и еврокомесарот за проширување, Штефан Филе

Вицепремиерката Теута Арифи на дебатата за Македонија во Брисел, насловена како „Дали можеме 2012 година да ја претвори��е во година на успех?“, тврдеше дека евроинтеграцијата на Македонија ја поддржуваат сите политички партии, граѓанското општество и граѓаните, па Владата затоа си го постави членството во ЕУ како врвен приоритет. Но, од друга страна, како што рече Арифи, знаејќи дека тоа е условено со исполнување на Копенхашките критериуми, со посветеност и ентузијазам се работеше на воведување на европските стандарди во општеството, а позитивните резултати беа неминовни.

„За десет дена ќе се отвори ново поглавје во односите меѓу Македонија и ЕУ со почнувањето на стратешкиот пристапен дијалог. Знаеме дека тоа не е замена за преговорите, но веруваме дека отворањето на две толку важни поглавја како што се поглавјата 23 и 24 ќе ни даде можност да покажеме дека сме одлучни да ги имплементираме реформите во осетливи области како што се судството и фундаменталните права и правдата, слободата и безбедноста“, рече Арифи.

Дијалогот на високо ниво со македонскиот премиерот Никола Груевски што ќе се одржи во Скопје, според еврокомесарот за проширување Штефан Фуле, не претставува супститут на преговори. Тој, според Филе, претставува мост до отпочнување на преговорите. Тој ги наведе клучните поенти од поглавјата 23 и 24, а кои според досегашната пракса на ЕУ се отворале откако ќе почне процесот на преговори.

„Сепак клучното прашање останува името на државата, проблем кој треба најитно да се реши“, рече Филе.

На дебатата која се одржа во Европскиот парламент, присуствуваа пратеници во ЕП, претставници на Европската комисија и на тинк-танк организации со седиште во Брисел. Дебатата беше организирана во соработка со европратеникот Ричард Ховит, известувач за Македонија во ЕП.


Статијата е прочитана 526 пати.

Испрати коментар



Нашите инвестициски потенцијали презентирани во Пуне
Владата ги спрема куферите за Германија и за Британија
Опозициските закони паѓаат како круши
Латас осуден за навреда на Героски
Интервју
Седум скопски чуда
Разрешени менаџерите на Детска клиника
Пензионер нема да може да раководи со комори од здравство
Наумовски



igor, 07.03.2012 11:12:23
ako tenderite se uspeh togas ok...mizerija!!!
Xhemo, 07.03.2012 12:48:25
Teuta, zasrami se. Tung
ЕУлица, 07.03.2012 13:33:53
Теута Арифи се обидува да шири оптимизам, но реалноста изгледа сосема поинаку. Судството во Македонија е катастрофално (Бошковски, Рамковски, Цановски, Смиленски). Состојбата со медиумите се уште полоши. Државната администрација е партизирана до немајкаде (без партиска книшка нема работа). За сигурносната ситуација (убиства на цивили од страна на полицијата) ич да не збориме. За економ��ката состојба, мизеријата и безработицата прашајте ги самите граѓани. Во една држава со 35% невработени се градат споменици, барокни фасади и галии од средниот век. Преку 90% од населението едвај сврзува крај со крај. Што мислите Европа тоа не го гледа и не го знае?
боза, 07.03.2012 13:52:32
аман бе igor...шо прете пак вие со тендериве...тендери па тендери...нешто друго мајката...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Облачно

Сабота
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C

Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |