Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
09.03.2012, 11:08
„Билд“ одбива да го „отпише“ грчкиот долг



Најпродаваниот германски весник „Билд“ соопшти дека се спротивставува на најавеното отпишување на грчкиот долг, за кој и самиот весник има платено.

„Билд“ вели „Не“ на барањето за отпис на грчкиот долг од страна на приватните инвеститори, согласно претходно постигнатиот договор меѓу властите во Атина и претставниците на меѓународните кредитори.

Минатата година беше постигнат договор, според кој, приватните кредитори треба да отпишат околу 70 отсто од долгот на Грција.

Весникот „Билд“, кој се фали со 3-милионска читателска публика во Германија и важи за најтиражен во Европа, во декември минатата година одлучил да купи грчки државни обврзници во вредност од 10 илјади евра по дисконтна цена од 4,815 евра.

Согласно договорот за отпис на грчкиот долг, „Билд“ сега треба да се согласи вредноста на грчките државни обврзници кои ги има во посед да падне на 3.000 евра.

Дури и да се земе предвид дисконтот кој го добивме при купувањето, компанијата се‘ уште би загубила околу 38 отсто од вредноста на овој имот, соопштија од весникот.

„Билд“ веќе подолго време ��стро ги критикува грчките, но и европските политичари, поради начинот на кој се санираат грчките долгови, а во последно време и активно се залага против кредитирање на грчката економија. Последниот таков пример беше барањето до германскиот парламент да го одбие ратификувањето на вториот пакет помош за Грција.

Во последниов случај, весникот денеска (07.03) пишува дека всушност се работи за „измама“ и дека целиот договор е нереален.

„Тоа нема да и‘ помогне на Грција да застане на нозе“, тврди Билд. Притоа, весникот на крајот на текстот додава и „пост скриптум“:

„Билд“ со месеци објавува текстови, коментари и фотомонтажи за грчката криза кои беа жестоко критикувани во Грција

„Доколку Билд направи каков било профит од грчките обврзници ќе ги донира за добра кауза“, заклучува весникот.

Весникот со месеци води своевидна кампања против Грција, објавувајќи серија текстови, коментари и фотомонтажи кои беа жестоко критикувани и во Грција, па дури се закануваа и да ги нарушат односите меѓу двете земји. Минатата година, во екот на грчката криза, „Билд“ дури испрати свои репортери во Атина кои на граѓаните им нудеа драхми со порака: „Еве ви ја назад вашата валута, престанете да си играте со нашата!“

И покрај релативно таблоидниот карактер, „Билд“ се смета за многу влијателен весник во Германија, а својата сила ја покажа и со аферата со, сега веќе, поранешниот претседател Кристијан Вулф. Билд го отвори скандалот со непријавените кредити на Вулф, и отворајќи афера по афера на други теми во врска со неговиот приватен и политички живот во следните месеци, го натера шефот на државата да си поднесе оставка.(Дојче веле)

Статијата е прочитана 2744 пати.

Испрати коментар



Каменуван автобус на вевчанската компанија "Сприја" кај Велешта
Антимакедонски протести во Албанија
Дрвокрадци турнаа џип на Шумска полиција во ендек
Новата ролерско-велосипедска патека на кејот на Вардар
Патот кон НАТО значаен за стабилноста на Македонија и регионот
Од петок АСНОМ ќе почне да заседава во „Жена парк“
Пронајдено починато лице во скопско Горно Лисиче
Кичевчанец се обесил во својот дом
Го болел стомак, па се избодел со нож
Во Прилеп три тепачки во кои се нападнати малолетни момчиња
Европскиот парламент утре гласа за напредокот на Македонија
Битолчанка претепана и ограбена на улица
Маковеј - Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ
Осквернавен споменик на бранителите во Штип
Владата разгледува намалување на цената на нафтените деривати
Заниер - Брзо разрешување на инцидентите
Скотланд Јард повторно ја уапси Ребека Брукс
Иванов - Нема место за етнички судири и нетрпеливост
Адмиралот на НАТО, Ставридис во посета на Македонија
Пападопулу лута на Попоски
Борците од НОВ против преименување на улиците
Али Ахмети кај Пол Волерс
Силен ветер откорна дрвја и оштети возила
Нимиц смислувал преодно име
Дваесетина икони украдени од црква во Кичевско
Кај Собрание запален „мерцедес“
Четиринаесет лица загинаа во серија напади во Ирак
Американски сенатор бара Македонија да влезе во НАТО
Меркел во ненадејна посета на Авганистан
Базенот „Карпош“ од денеска повторно во функција
Град Скопје презема мерки за спречување на инцидентите
Реконструкција на осветлувањето во Старата скопска чаршија
Бензините поскапуваат два, а дизелот половина денар по литар
Кон Тики Скај од мај ќе лета од Скопје кон 14 дестинации
Расмусен - Шок поради убиството на цивили во Авганистан
Талибанците најавија одмазда за масакрот во Авганистан
Во пожар во Истанбул загинаа 14 работници
Вчера и ноќеска не се регистрирани инциденти
Маскиран ограби поштенска експозитура
Во БиХ најмногу заработуваат менаџерите, а најмалку собарките
Во пензија како и досега
Државното знаме симнато од тетовското Теќе
Груевски - Тезата дека Владата ангажирала тепачи е идиотска!
Американски војник уби 16 цивили во Авганистан
Претепан 65-годишен маж во Ѓорче Петров
Промовирани нови 68 двокатни автобуси за ЈСП Скопје
Шеесет и девет години од холокаустот на македонските Евреи
Папандреу и официјално поднесе оставка
Груевски вети казни за сторителите на инцидентите
Министерката Јанкулоска ги изгоре рацете со врела вода
„Систина“ е супербренд за 2011 и 2012 година
И Македонец на листата најбогати на „Форбс“
Берлускони на гости кај Путин
МОН промовираше систем за откривање плагијати
ОБСЕ ги осуди инцидентите, бара итно расчистување
Во Скопје и Тетово синоќа регистрирани нови инциденти
Владина делегација во лов на инвеститори во Малезија
Да се гарантира безбедноста, не е важно кој прв почнал
На Грција и го отпишуваат долгот
Европа намали плати, укина бонуси и отпушта вработени
Фикрет Абдиќ пуштен на условна слобода
Сообраќајот во зимски услови, магла кај Стража и Страцин
Карлос Слим повторно најбогат во светот според „Форбс“



Makedonche, 09.03.2012 13:43:28
A da Grujo naracha nekoja reklama vo Bild! Naravno, za antichkata istorija i vechna Makedonija. Sega e momentot da gi pridobieme shvabite na nasha strana, pa da gi zaedno rasturime ,,kletite grchishta,,. Pusti zelbi, pusti sni!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 2°C

Четврток
Ведро
Макс: 13°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |