09.03.2012, 11:10 Фикрет Абдиќ пуштен на условна слобода
Некогашниот прв човек на „Агрокомерц“ oд Велика Кладуша и поранешен член на Претседателството на БиХ, Фикрет Абдиќ - Бабо денеска беше пуштен на условна слобода од затворот во хрватскиот град Пула, каде ја отслужуваше 15-годишната затворска казна под обвинеие за воени злосторства.
На излезот од затворот Абдиќ беше пречекан од неколклу илјади негови приврзаници, меѓу кои и неговата ќерка Елвира Абдиќ-Јеленовиќ, кпја е пратеник во Домот на народите на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина.
Иако, е пуштен на условна слобода, според надлежните органи, не постојани никакви ограничувања Абдиќ да се занимава со политика.
Жупанискиот суд во Карловац во 2002 година го осуди Абдиќ на 20 години затвор под обвинение за извршени воени злосторства во Цазинска Краина во периодот од 1993 до 1995 година, но во 2005 година Врховниот суд на Хрватска му ја намали казната на 15 години.
Абдиќ стана познат на просторите на поранешна Југославија кон средината на 80-те години на минатиот век со обелоденувањето на аферата со издавање на меници без покритие од страна на комбинатот „Агрокомерц“ од Велика Кладуша, чиј директор беше.
Сепак, за мнозинството жители на Велика Кладуша и целата Цазинска Краина Абдиќ беше херој кој инвистираше во економскиот развој и инфраструктурата на регионт. На првите демократски избори во БиХ во 1990 година беше избран за член на босанското Претседателство.
Во текот на Босанската војна, тој се одметна од централната власт во Сараево, која беше под контрола на муслиманите, и прогласи автономија на Цазинска Краина соработувајќи со босанските Срби.
|