12.03.2012, 14:48 Кај Собрание запален „мерцедес“
„Мерцедес“ на вработен во Министерството за надворешни работи утринава се запали во близина на Собранието во центарот на Скопје. Пожарот што пламна околу 10 часот на паркингот кај МНР ги испаничи вработените во државните институции, како и во околните објекти, кои стравуваа дека огнените јазици ќе се прошират и на нивните автомобили. Се прочу и дека под „мерцедесот“ била поставена бомба.
Сепак, пожарникарите брзо реагираа, па оганот беше локализиран. Возилото беше однесено на вештачење, а според првичните сознанија, станува збор за неисправна инсталација. (Г.А.)
|