08.03.2012, 19:27 Карлос Слим повторно најбогат во светот според „Форбс“
Најмногу милијардери живеат во Москва, околу 78, а следуваат Њујорк со 58 и Лондон со 39
На листата на магазинот „Форбс“ за оваа година се наоѓаат рекорден број милијардери, вкупно 1.226, од кои секој располага со просечно 3,7 милијарди долари. Најголем број милијардери, вкупно 425 доаѓаат од САД, додека на втората позиција има промена во однос на минатата година со тоа што Русија ја престигна Кина со 96 милијардери наспроти 95. Најмногу милијардери живеат во Москва, околу 78, а следуваат Њујорк со 58 и Лондон со 39. Во ексклузивниот клуб на милијардери со имот вреден најмалку 10 милијарди долари се' повеќе се застапени луѓе од Азија.
1. Мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим останува на првата позиција на годинешната листа најбогати луѓе во светот на магазинот „Форбс“ со богатство проценето на 69 милијарди долари. Карлос Слим, кој своето богатство го стекнал во секторот за телекомуникации, сега работи и во областа на трговијата, финансиите, суровин��те и енергетиката.
2. Американецот Бил Гејтс со 61 милијарда долари е втор на листата. Основачот на „Мајкрософт“ ја намали предноста на Слим во однос на минатата година откако го зголеми своето богатство од 56 на 61 милијарда долари, додека Мексиканецот го намали од 74 на 69 милијарди долари.
3. Ворен Бафет, основач на супермаркетите „Волмарт“, со 44 милијарди долари богатство е трет на листата.
4. Французинот Бернар Арно со 41 милијарда долари, сопственик на луксузна стока ЛВМХ.
5. Шпанецот Аманасио Ортега има богатство од 37,5 милијарди долари и е сопственик на „Зара“.
6. Лари Елисон со 36 милијарди долари е сопственик на „Оракл“.
7. Еки Батиста со 30 милијарди долари е најбогат Бразилец, поседува рудници и нафтени полиња.
8. Стефан Персон има богатсво од 26 милијарди долари, сопственик е на
„HиM“, има 2.500 продавници во 43 држави
9. Ли Ка-шинг од Хонгконг со 25,5 милијарди долари е најбогат Азиец од 2004 година. Неговиот компанија „Хатчинсон“ вработува 270.000 луѓе во 53 држави
10. Карл Албрехт, сопственик на супермаркетите „Алди“, е најбогат Германец, а е десеттиот на листата најбогати во светот, со имот вреден 25,4 милијарди долари.
11. Кристи Валтон со семејството е сопственичка на „Вал-март“ со 25,3 милијарди долари е на единаесеттото место, како прва жена меѓу најбогатите во светот.
|