11.03.2012, 18:37 Маскиран ограби поштенска експозитура
Во експозитура на „Македонска пошта“, лоцирана на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, маскирано лице завчера, околу 7,30 часот, извршило оружено разбојништво. Непознатиот разбојник одзел 83.817 денари.
Според полицијата, разбојништвото било извршено така што маскираниот влегол на влезната врата, а потоа на двајцата вработени им наредил да ги извадат сите пари, по што си заминал упатувајќи се во непознат правец. (Љ.С.) |