Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
09.03.2012, 13:49
Владина делегација во лов на инвеститори во Малезија



Премиерот Груевски на бизнис форум во Куала Лумпур истакна дека Македонија и Малезија имаат многу сличности, како што се мултиетничноста, мирољубивоста и трудољубивоста, отвореноста за надворешна трговија и странски инвестиции.

Вистинско задоволство е одблиску да се види забрзаниот чекор на една новоиндустријализирана пазарна економија, како Малезија, која постигнува просечна стапка на економски раст од 6,5 проценти во изминатите педесет години, рече премиерот Никола Груевски на бизнис форум во Куала Лумпур, организиран од Малезиската индустриска стопанска комора.

- Од некогашен извозник на природни ресурси и суровини, Вашата земја денес изгради силно разгранета економија, која произведува високотехнолошки производи. Дозволете ми да му честитам на малезискиот народ за извонредните економски постигнувања, за кои допрва ќе се учи, порача премиерот Груевски во обраќањето на форумот.

Македонија и Малезија, додаде, имаат многу сличности, како што се мултиетничноста и мултикултурноста, мирољубивоста �� трудољубивоста, отвореноста за надворешна трговија и странски инвестиции.

- Преку ваквите бизнис форуми целта е да се пренесе приказната за малата, но растечка европска економија, која неодамна се искачи на третото место на најдобрите реформски ориентирани земји во светот, според Извештајот “Doing Business” на Светската банка, дополни Груевски.

Премиерот наведе дека овие резултати се плод на долгогодишна работа на Владата и ги потенцираше суштинските реформи за подобрување на деловната клима и градење имиџ на мошне привлечна европска инвестициска дестинација. Се осврна на рамниот данок од 10 отсто и за персоналниот доход и за добивката, ослободувањето од оданочување на задржаната добивка, постепеното намалување на социјалните придонеси за една третина, инвестирањето во човечкиот капитал преку инвестиции за образование на ниво од 6 отсто од БДП, и отворената економија, која преку потпишаните договори за слободна трговија со Европската унија и земјите од ЕФТА и Југоисточна Европа (ЦЕФТА), како и со Турција и Украина, сега е дел од големиот европски пазар.

На форумот се обрати Вонг Лаи Сум, извршен директор на Малезиската корпорација за надворешно-трговски развој, малезиска владина агенција која што работи во областа на надворешно-економската соработка. Таа се осврна на отворањето нови можности за продлабочување на економските релации помеѓу Малезија и Македонија.

Вицепремеиерот Зоран Ставрески пак, се осврна на макроекономската стабилност и за нејзината потврденост од страна на меѓународните кредитни рејтинг агенции во време на силни турбулентни движења во европската економија. Ставрески зборуваше и за скратените процедури за издавање дозволи, и младата и едуцирана работна сила.

Министерот Бил Павлески имаше презентација на трговските можности кои Македонија ги нуди за странските компании, при што се осврна на локациските, транспортните и логистичките предности кои што македонската економија им ги нуди на потенцијалните инвеститори.

Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо се осврна на поволностите кои што им се нудат на инвеститорите во развојните зони, а зборуваше и за конкурентските предности на Македонија споредено со останатите земји од регионот на Југоисточна и Источна Европа.

Премиерот Груевски и членовите на владината делегација остварија повеќе тет-а-тет средби со претставници на малезиски компании.

Владината делегација предводена од премиерот Груевски со денешниот настан, на кој имаше претставници на повеќе компании од секторите за преработка на храна, автомобилска индустрија, хотелиерство, финансиски сектор, ИТ сектор и други, ги заврши презентациите на македонските инвестициски можности во рамки на посетата на Индија и Малезија.











Статијата е прочитана 784 пати.

Испрати коментар



Каменуван автобус на вевчанската компанија "Сприја" кај Велешта
Антимакедонски протести во Албанија
Дрвокрадци турнаа џип на Шумска полиција во ендек
Новата ролерско-велосипедска патека на кејот на Вардар
Патот кон НАТО значаен за стабилноста на Македонија и регионот
Од петок АСНОМ ќе почне да заседава во „Жена парк“
Пронајдено починато лице во скопско Горно Лисиче
Кичевчанец се обесил во својот дом
Го болел стомак, па се избодел со нож
Во Прилеп три тепачки во кои се нападнати малолетни момчиња
Европскиот парламент утре гласа за напредокот на Македонија
Битолчанка претепана и ограбена на улица
Маковеј - Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ
Осквернавен споменик на бранителите во Штип
Владата разгледува намалување на цената на нафтените деривати
Заниер - Брзо разрешување на инцидентите
Скотланд Јард повторно ја уапси Ребека Брукс
Иванов - Нема место за етнички судири и нетрпеливост
Адмиралот на НАТО, Ставридис во посета на Македонија
Пападопулу лута на Попоски
Борците од НОВ против преименување на улиците
Али Ахмети кај Пол Волерс
Силен ветер откорна дрвја и оштети возила
Нимиц смислувал преодно име
Дваесетина икони украдени од црква во Кичевско
Кај Собрание запален „мерцедес“
Четиринаесет лица загинаа во серија напади во Ирак
Американски сенатор бара Македонија да влезе во НАТО
Меркел во ненадејна посета на Авганистан
Базенот „Карпош“ од денеска повторно во функција
Град Скопје презема мерки за спречување на инцидентите
Реконструкција на осветлувањето во Старата скопска чаршија
Бензините поскапуваат два, а дизелот половина денар по литар
Кон Тики Скај од мај ќе лета од Скопје кон 14 дестинации
Расмусен - Шок поради убиството на цивили во Авганистан
Талибанците најавија одмазда за масакрот во Авганистан
Во пожар во Истанбул загинаа 14 работници
Вчера и ноќеска не се регистрирани инциденти
Маскиран ограби поштенска експозитура
Во БиХ најмногу заработуваат менаџерите, а најмалку собарките
Во пензија како и досега
Државното знаме симнато од тетовското Теќе
Груевски - Тезата дека Владата ангажирала тепачи е идиотска!
Американски војник уби 16 цивили во Авганистан
Претепан 65-годишен маж во Ѓорче Петров
Промовирани нови 68 двокатни автобуси за ЈСП Скопје
Шеесет и девет години од холокаустот на македонските Евреи
Папандреу и официјално поднесе оставка
Груевски вети казни за сторителите на инцидентите
Министерката Јанкулоска ги изгоре рацете со врела вода
„Систина“ е супербренд за 2011 и 2012 година
И Македонец на листата најбога��и на „Форбс“
Берлускони на гости кај Путин
МОН промовираше систем за откривање плагијати
ОБСЕ ги осуди инцидентите, бара итно расчистување
Во Скопје и Тетово синоќа регистрирани нови инциденти
Да се гарантира безбедноста, не е важно кој прв почнал
На Грција и го отпишуваат долгот
Европа намали плати, укина бонуси и отпушта вработени
Фикрет Абдиќ пуштен на условна слобода
„Билд“ одбива да го „отпише“ грчкиот долг
Сообраќајот во зимски услови, магла кај Стража и Страцин
Карлос Слим повторно најбогат во светот според „Форбс“



kole, 09.03.2012 14:19:27
Ништо Грујо...... се е ова лук и вода.........денгубење и купување време.....демек работиме и остваруваме........Deja voux.......
Астронаут, 09.03.2012 14:54:03
Која е идната дестинација за рекламни патувања во лов на инвеститори? Месечината или Марс?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 2°C

Четврток
Ведро
Макс: 13°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |