11.03.2012, 12:08 Папандреу и официјално поднесе оставка
Лидерот на ПАСОК Јоргос Папандреу официјално поднесе оставка на функцијата претседател на партијата и на негово место се очекува да биде избран актуелниот министер за финансии Евангелос Венизелос.
- Донесов тешки одлуки. Тие можеби скапо ме чинеа политички, но вредеа за трудот, изјави Папандреу кој вчера официјално ја потврди оставката најавена во ноември кога беше избрана нова коалициска влада.
Партиските избори ќе бидат на 18 март, а Венизелос кој најверојатно ќе биде нов лидер на партијата, наведе дека пред ПАСОК е „тешка мисија за обнова на Грција“.
На партискиот собир во Атина имаше и инцидент откако пезионер, член на партијата, кој одеше со помош на штаки, фрли јогурт врз Папанреду.
|