11.03.2012, 12:30 Промовирани нови 68 двокатни автобуси за ЈСП Скопје
Двокатните автобуси ги исполнуваат сите потребни стандарди, односно имаат емисија на издувни гасови „ЕУРО 4“, дигитален тахограф, автоматски управувана рампа за инвалидски и детски колички, целосно се климатизирани
Јавниот градски превоз во Скопје од денеска на располагање има уште 68 нови двокатни автобуси со ретро дизајн од кинескиот производител „Јутонг“, донација од Владата за ЈСП „Скопје“. Автобусите, кои од денеска ќе бидат вклчучени во редовна уопотреба, беа промовирани во присуство на премиерот Никола Груевски.
Двокатните автобуси ги исполнуваат сите потребни стандарди, односно имаат емисија на издувни гасови „ЕУРО 4“, дигитален тахограф, автоматски управувана рампа за инвалидски и детски колички, целосно се климатизирани.
- Пред година и нешто многу луѓе не веруваа дека ветувањето на Владата за обнова на возниот парк на ЈСП „Скопје“ ќе се реализира. Се прашувам има ли сега некој што не верува дека овој проект ќе биде целосно реализиран. Нема таков. Ве уверувам дека ќе биде реализиран и дека Ск��пје ќе добие целосно нов возен парк за градскиот превоз, порача премиерот Груевски на промоцијата на автобусите.
Тој истакна дека во Скопје од денеска ќе се возат вкупно 216 нови автобуси од планираните 313 за целосна замена на возниот парк на ЈСП.
- Новите автобуси стануваат доминантна категорија на скопските улици. Драго ми е што ваквиот тренд го следат и приватните превозници со што можеме да констатирме дека постои бран на целосна смена на старите автобуси како во јавниот, така и во приватниот превоз, рече Груевски, нагласувајќи дека тоа ќе помогне за поздрава животна средина и побезбедно возење.
Со двокатните автобуси, нагласи, се задржува традицијата од 60-тите години на минатиот век и паѓаат во вода тврдењата дека биле небезбедни и оти не можеле да сообраќаат по скопските улици и под подвозниците.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески посочи дека со двокатните автобуси градот Скопје има нов лик и е препознатлив, бидејќи се својствени само за македонскиот главен град.
- Пред да го реализираме прокетот за обнова на возниот парк на ЈСП Скопје во главниот град се возеа автобуси стари четириесетина години со лоши услови. Денешниот ден означува уште еден чекор кон овозможување на пристоен превоз на граѓаните на Скопје, рече Јанакиески.
Досега, додаде, се пристигнати 136 двокатни автобуси, 80 нископодни и 16 миниавтобуси за приградските линии.
Градоначаникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека со пуштањето во сообраќај на новите 68 двокатни автобуси граѓаните на Скопје поудобно ќе се возат и ќе им се намали времето на чекање на станиците.
- Денеска ја промовираме втората испорака на 68 двокатни кинески автобуси. Досега 70 отсто од возниот парк на ЈСП Скопје е заменет, а во 2013 сме во очекување да пристигнат уште 64 двокатни автобуси и 17 двокатни панорамски автобуси од Јутонг, рече Трајновски.
Најави дека наскоро ќе биде отворена и новата хала за проверка на масло и на системот за сопирање на возилот, а од 2013 година и системот за електрионска наплата на билетите, и за следење на возилата на ЈСП. Следнава недела, додаде, треба да се потпише и договорот за нови 280 автобуски постројки кои треба да бидат готови за осум месеци.
|
|
Статијата е прочитана 966 пати.
|
Испрати коментар
|
|
dragan, 11.03.2012 13:39:15 | dobar poteg na vladata iskreno go pozdravuvam.ne e se taka crno |
| blaze, 11.03.2012 14:54:10 | blaze na ovaa zemja i narod so toa vatobusite. niedna zemja vo svetot nema videno vakvo cudo na tehnikata. jad i beda. drugite narodi na mesecina se kacija, ovoj promovira avtobusi i katni garazi. premier. katastrofa. sega uste neoj pajton da promovira pa da e celo. |
| miki, 11.03.2012 15:24:56 | Селово гори............овие се сликааат........... |
| irena, 11.03.2012 18:22:18 | pa dali se svesni deka od autobusite na partizanska covek nemoze da zastane ni za sekunda,oti nema mesto. taksistite ostanaa bez rabota. dve taksistki. paci i mimi se selat za amerika, oti ostanaa bez leb i sol.zasto autobusite ne se razpodelat po drugite gradovi i sela niz makedonija. tamo ke im dobredojdat.i toj narod im treba autobusi. vo skopje se premnogu. albancite i onaka samo se vozat vo autobusite sto se nivni i gi bojkotuvaat novite autobusi. a site znareme kako prljavi, bez greenje i erkodisen se.jas imav prilika da se vozam vo niv. katastrofa e vo niv. a vo novite autobusi mi e strav da vlezam bidejki se mnogu tesni i visoki. tie autobusi se pravrreni za kinezkite patnici a ne za nas.kade se tie ubavi autobusi gupli siroki ubavi i udobni.irena |
| Трпе, 12.03.2012 00:02:56 | да побараше Коцкица пари од премиерот за пајтони ,наместо автобусу.Градот ке беше уште по препознатлив.И емисијата на гасови ке беше уште помала,нешто азотот ке беше повече.Ништо не кажуват колку се платени овие двокатни грдоси или ке остаат друг да ги плака.Подобро ке беше кога не ги сакаа нашите од 11 октомври,барем да набавеа само украински.Тоа ке се докаже некогаш како полициските Крајслери. |
| Богомил, 12.03.2012 11:14:42 | Политичарот е мислител. Интелектуална фигура. Креира идеологија. Визионерски интелект. Ја осмислува иднината на државата, нејзината позиција во светски рамки. Го профилира социјалниот статус на граѓанинот, го јакне безбедносниот систем, ја гради меѓучовечката хармонија на соживот, на доверба. Ние, место интелектуалци, имаме лидери мануелци - искршија раце од фрлање лопати, се осакатија од трчање по поставување темелници на свињарски фарми. Им се искрифија фаците од местење пред телевизиските камери. Не им останува време ниту за сон, а камоли за да им никне во главите некоја умна мисла за доборбит на народот и државата. А еве и ПРОМОЦИЈА НА АВТОБУСИ. КАКВА ГЛУПОСТ, КАКО ДА ГИ КОНСТРИРАА, КАКО ДА ГИ ИЗРАБОТИЈА. ГИ ПРЕПЛАТИЈА СО ПАРИТЕ НА НАРОДОТ. БПЛНО ПОЗЕРСКА АКТИВНОСТ. ИМА ЛИ НЕКОЈ ОКОЛУ НИВ ПОПАМЕТЕН ЗА ДА ИМ КАЖЕ ДЕКА ТРЕБА ДА ПРИТИСНАТ НА СОПИРАЧКИТЕ.Ова навистина не е нормално ниту за Екваторијална Гвинеја... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Претежно облачно
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 2°C
|
Четврток
Ведро
Макс: 13°C, Мин: 2°C
|
|
|
|
|
|