06.03.2012, 17:59 Мое ќоше
Седум скопски чуда
Ерол Ризаов
На Вардар гемија, а во гемија окован делија
Гемиите ќе допловат по Вардар како што високо на планината Арарат по големиот потоп вплови коработ на дедо Ное и го спаси човештвото. Скопје нема море, ама ќе има кораби и гемии на кои ќе веслаат оковани делии. Ем ќе веслаат на суво ем ќе пеат: бор садила мома Евгенија. Нашиот неуморен градоначалник Коце Трајановски ќе му подари на Скопје уште едно чудо невидено. Во земјата на Библијата чудата се толку вообичаени што веќе кај нас дома никого не изненадуваат. Шашардисани и вџашени се само простосмртните и нормални луѓе од остатокот на светот. Има ли нешто понормално на света земја и по плитка, но света река да пловат бродовите, авионите да одат по улици, автомобилите, автобусите и камионите да летаат, а возовите да одат пеш. За само три дена до Солуна града. Што е толку чудно ако по бунарот на св. Павле откај Паљурци до Скопје стаса првата подморница која оди под земја.
Читам градоначалникот Трајановски ќе го прослави својот роденден на гемијата на Вардар. Предлагам првиот брод на Вардар да се направи ист како Гвадалкивир, францускиот брод кој во солунското пристаниште го потопи славниот гемиџија Павел Шатев. Во капетановата кабина зад кормилото би можело да стои восочна фигура на Павел Шатев, една од најинтересните, најмистични и највозбудливи големи историски личности на Македонија.
Еве го сега списокот на седумте најстари светски чуда и мојот список на скопските чуда, а вие гласајте по ваш избор.
Значи, како што запишал историчарот Херодот, првото светско чудо е Артемидиниот храм во Ефес, денешна Турција. Го имам посетено неколку пати и да ви кажам право воопшто не ми беше толку возбудливо од урнатините и малите скромни остатоци на некогашниот импозантен храм. Некако не ми изгледаа како чудо големо како што е тоа најголемиот на светот споменик на Александар Македонски. Мојот избор на Артемидиниот храм да го спротивставам споменикот на Александар како најголемо скопско чудо не е случајно. Има тука големи совпаѓања. Во ноќта на 21 јули 356 година пред нашата ера некој човек познат во историја како Херостратус го запалил храмот за да с��ане славен. Тоа и се случило. Храмот изгорел до темел, а Херостратус станал славен по зло. Божицата таа вечер не спиела дома и не можела да го изгасне огнот. Плутарх запишал дека божицата Артемида таа вечер присуствувала на раѓањето на Александар Македонски. Само по 20 години Александар го обновил храмот на божицата Артемида. А по цели 2.367 години Никола Груевски го врати дома Александар Македонски качен на Букефал. Може ли тоа да биде случајно. Нели е тоа најголемо светско чудо.
Натаму се' е лесно: Висечките градини во Вавилон се обични урнатини и таму нема ништо интересно. Нашето скопско Кале за нив е ремек-дело. Од Колос на Родос денес нема ни трага, затоа Филип Втори штом дојава пред Ибни Пајко, ќе биде повозвишен од Колос како и секогаш. Статуата на Зевс заедно сосе Олимпија не може да се мери ниту со Арената „Филип Втори“ ниту со Уставниот суд на Македонија. Во Арената „Филп Втори“ има близу 40.000 седишта кои еднаш на пет години ќе се полнат кога ќе дојде Цеца од Белград, а во импозантниот Уставен суд со големи канонади и високи столбови по 20 метри ќе работат неколку судии кои како нотари ќе ги заверуваат законите на Владата. Ајде кажете каде има вакво светско чудо на друго место. Мавзолејот во Халикарнас, кај Бодрум, е детска играчка спрема нашиот Мавзолеј на борбата на ВМРО и жртвите од комунизмот. На Светилникот на Фарос кај Александрија одамна нема драма. Драмата е во нашиот Стар театар кој порасна ненадејно двојно поголем отколку што беше.
Проблем се само големите пирамиди во Гиза и во Египет. Тие се уште недостижни. Но, и на тоа се работи во сто чекори. Распишан е тендер. Бидете стрпливи. Ќе имаме и пирамиди. Кој има бродови на суво, ќе има и пирамиди. Па, нели тие се градат во пустина. |
|
Статијата е прочитана 4343 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Albert Ajshtajn, 07.03.2012 00:56:24 | Jas sum za podmornicata! Ovie od vlasta ochigledno se negde bile i videle neshto shto im se svidelo, pa sakat da go prenesat ovde, ne vodejci smetka nizashto. Tochno, za vkusovite ne vredi da se rasprava, ama za praktichnosta i sodejstvoto na objektite i opravdanosta na sredstvata, i te kako. Ako sakat restoran na Vardar neka napravat na most, a ne na brod. Cel svet ce ne prashuva, dali Mujo i Haso ni ja dadoa taa ideja, koi momentno pecat riba na onoj mostot vo Ovche Pole (kaj Erdzelija). Ke ne umrat zaebevajci ne. Koce, imaj razbiranje i milost! |
| melbourne, 07.03.2012 03:19:05 | ha,ha,ha,da ne puknis me iznasmea.Arno ama vo isto vreme se izedov od maka koga gledam deka seunistuva vredno i se trosat ogromni sumi za nesto sto nema da im pomogne na lugeto. |
| bivshi struzanec, 07.03.2012 07:09:56 | Maestralno Mr Rizaov, ama sega cekaj gi, ce ti se sisnet portokalive od site strani |
| читател од внатрешноста, 07.03.2012 07:19:17 | Му завидувам на Скопје што ќе добие уште една туристичка атракција. Ќе се збогати туристичката понуда, ќе биде поинтересно, ќе се збогати ноќниот живот и ќе се вработат неколку десетици луѓе. |
| Stipjanec, 07.03.2012 08:33:49 | Erole nemoj da se sekiras okolu brodovite na nasiot RIVER VARDAR! Koga dojde vremeto na Virtuelnata realnost-se e mozno; da odat podmornici pod zemja, avioni pod reka a velosipedi da letaat kako vo ET. Zatoa cvrsto veruvam, deka Pavle Satev, koj e vo neposredna blizina na ovie brodovi, ke gi digne vo vozduh, kako odgovor na nevidenata GLUPOST na naseto sovremeno (virutuelno) ziveenje. |
| Mudrec, 07.03.2012 10:08:03 | Erol pluka, karvanot si vrvi :) |
| Debarmalec, 07.03.2012 10:23:45 | Idejata za brodovi (kakvi splavovi, kakvi bakraci) e odlicna. Predlagam eden od brodovite da se narece Titanik i na prvata plovidba da bide kacena celata vlada na VMRO. |
| Arkite na Koce, 07.03.2012 10:34:15 | A ce ja napravis vaka:arkata da bide dolga trista lakti, siroka pedeset lakti i visoka trieset lakti. Na arkata napravi prozorec a nejziniotnekazavrsuvana eden lakot od pokrivot. Vratata na arkata napravija otstrana i vovedi redovna recna plovina linija Skopje-Solun, via Demir Kapija. Koce se razbudi ,klekna na kolena i se prekrsti i rece: Razbrav se Gospode, ce ce storam kako sto naeredi , a ce napravam dva , ako treba i tri arkji. I bi taka ,a Gospod bese mnogu zadovolen od Koceta i resi da go proglasi za svetec, stom se vrati od Indija . |
| od ostrijot, 07.03.2012 10:34:47 | da erol vo pravosi prvo befme zacudeni a sega sme zasrameni od glupostite na ova vlada. |
| Gargamel, 07.03.2012 11:08:07 | Мојо комшија,гранапџија,вика ми „не се они бе абдали,нија сме,матат ни го мозоко со бароко и вија светските чуда за да не прашаме-со кој пари,со колку пари сето воа се прае,кај оде вишоко,у кој џеб„.А па сабајле читал за изборо на обвинители,не знам,ама вика критериумите биле „да си кума,бившата преседателка,сеа пензионер,демек секоја вечер била на линија со Николчо,да си оргинал другар со Шврго,ај по Бадинтер мора,да си партиски кандидат,мора нели да е од актуелните„,а никаде стручен,чесен,вреден,професионалец,а?Е воа ти е брат Ероле тема,ама не со податоци од „доверливите извори„,сам дирекно.Па да видеш светско чудо,фараони,Метузалеми,циркус Адриа,ангро дрп,бисери . . . |
| P.Petar, 07.03.2012 12:04:23 | Neka vrabotat edno 20 nevraboteni lugje da VESLAAT!!! a dvajca povisoko kvalificirani da gi kamsikuvaat tie sto veslaat! Toa e ke bide vistinski antique time |
| tihi, 07.03.2012 12:58:23 | Ako e meriloto da bidesh vickast,togash kje bevte shampioni.Srekja nasha shto i nekoi drugi merila ima za nechija vrednost.Inaku kje si bevme vechno nasmeani i preneseni zhedni preku voda. |
| malo crnice, 07.03.2012 13:13:15 | A ja ne i zaviduvam na Makedonija sto ima mnogu citateli od Vnatresnosta. |
| Jagoda, 07.03.2012 13:22:42 | Jas bi sakala da go predlozam nasiot drag vodac za osmo skopsko cudo, poradi negovite dokazani rezultati i dostreli vo nebeski populizam, beskrajna politicka kratkovidnost i nedostizno vizionerstvo vo poleto kako da i smestis na sopstvenata tatkovina.
I prva nagrada Kako da go nagrdis glavniot grad za navek. |
| Makedonka, 07.03.2012 14:06:59 | Bravo!!!1 |
| od citatel vo usa, 07.03.2012 14:11:11 | gospodine rizov vie nemate razbrano brodovite nema da plovat po vardar neli nase ke bide solynsko pole pa nie nema da go zemime samo poleto ke zemime i od moreto zaboravi deka lypco prvoto kafe vo solyn go piese strpise se ke bidi nase samo makedonia nema da bide nasa tragedija |
| Македоналдс, 07.03.2012 14:42:31 | За голема жал, наместо кон просперитет и напредок, Груевски сака да го заспива својот народ со лажен и лабораториска патриотизам - зар не знаеме дека еден воз луѓе станале академци од тоа. Бидејќи примиерот неотуѓиво оди по стапките на еден поранешен балкански лидер малку на североисток од Скопје е јасно дека идол за него се уништени политичари со уништени политики на Балканот. Видливо резултатите од таквите политики се повеќе од трагични .... |
| deko, 07.03.2012 15:09:45 | Se cudam kako site kritizeri ke go preziveat novoto Skopje,tie ne se uceni da odat po novi trotoari,da vozat po novi bulevari,da setaat po novi parkovi,da razgleduvat novi muzei,da frlaat paricki vo novi fontani tie se zamrznati vo vremeto,niv vremeto ne gi gazi tie si sakaat da ostanat tamu kade sto se vo 60-tite god.No sto ke pravime so novite generacii tie vaseto vreme ne go sakaat i nejkat da ziveat vo toa vreme, sakaat konecno i vo makedonija da dojde novoto vreme- vreme na brzi promeni,vreme na novi sodrzini na gradot.Minatoto si e minato, ne mozeme i da sakame da ziveeme vo nego. |
| citatel, 07.03.2012 15:18:39 | Genijalen tekst. Napisan kako sto toa go mozat samo najgolemite svetski novinari. Mladite novinari mozat mnogu da naucat od tekstovite na avtorot, tie treba da gi proucuvaat na fakultetite. A za tie na koi se odnesuva, kako na primer skopskiot gradonacalnik, prvo bi mu preporacal barem eden den da proba da otide na rabota so gradski prevoz, bez telohraniteli, kako obicnite gragani, kako sto toa go pravat sekoj den negovite kolegi od London i New York, a vtoro vaka javno bi sakal da mu go cestitam odnapred rodendenot sto ke go proslavi okovan na gemija..
Pozdrav do avtorot.
P.S. Samo zaradi Erol go citam Utrinski vesnik.
|
| sime, 07.03.2012 16:53:40 | Srbite bi rekleubi me tudji sramzatvoren citet. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 3°C
Облачно
|
Сабота
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C
|
Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
|