Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

ИОК поведе истрага за возраста на кинеските гимнастичарки

Дилемата е дали двократната шампионка Хе Кексин има 14 или 16 години, колку што е дозволено

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) покрена истрага во врска со наводното фалсификување од кинеските власти на возраста на освојувачката на два златни медала во гимнастика Хе Кексин. Кинеската, која се позлати во екипна конкуренција и ја однесе олимписката титула на двовисински разбој поединечно, е регистрирана дека е родена на 1 јануари 1992 година. Но, по зачестените медиумски написи дека таа на претходните натпреварувања учествувала со подоцнежен датум на раѓање, вчера се појави и американски стручњак за компјутери со тврдење дека дошол до кинески државни документи што докажуваат оти Хе има 14, а не 16 години, колку што е долната возрасна граница за учество во овој спорт на ОИ. Насловот на фотографијата објавена од кинеската државна новинска агенција Хсинхуа минатата година зборува за „13-годишната Хе Кексин“, а весникот “Чајна дејли“ во мај годинава пишуваше дека таа има 14.

Претставник на ИОК изјави дека Интернационалната гимнастичка федерација (ФИГ) била замолена да ги разгледа „разликите“ околу возраста на Хе, но други нагласуваат дека нејзе веќе и' било дозволено да настапува.

„Се' што е примено досега покажува дека немаме проблем со исправноста на овие натпреварувачи“, вели спортскиот директор на ИОК, Кристоф Дуби, додавајќи дека ФИГ побарал истрага од Кинеската гимнастичка федерација.

Портпаролката на ИОК, Џизел Дејвис, додаде дека организацијата сака да го расчисти прашањето стопроцентно и да го затвори.

Гимнастичарите мора да имаат наполнето 16 во годината на Игрите за да учествуваат, правило воведено во 1997 за да се заштити нивното здравје. Тренерот на кинеската репрезентација Хуанг Јубин на прес-конференција изјави дека „целиот тим целосно го исполнува правилото за потребните години“.

„Со оглед на тоа дека азиските тела не се исти со западните, се поставуваат прашања, но не би требало“, смета Јубин.


Статијата е прочитана 117 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
ШАХ- Победнички потег
Мартиноски елиминиран во Суботица
Јамајка со светски рекорд и на 4х100 м
Ставрев во Велс, Мечкаровски во Молдавија
Претпоставената крајна граница на 100 метри е 9,29 сек
Французите и Исланѓаните во борба за златото
Вардар про ја „прегази“ Слога од Добој
Бразил и САД ќе одлучуваат за најсјајниот трофеј во одбојка
Бразилците убедливо до бронзата
Шпанците први финалисти
Унгарија против САД ќе го брани златото од Атина
Американките победнички во фудбал
Смени во Брунеи поради неучеството на ОИ
Најубав турнир на Игрите во Пекинг
РЕЗУЛТАТИ
Бекам и официјално на затворањето на Игрите
Со денешното дерби Вардар -Пелистер фудбалот пак актуелен

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.