Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Јамајка со светски рекорд и на 4х100 м

Златен хет-трик во Пекинг за Болт, кој трчаше во третата измена, а Пауел финишира во најбрзата штафета во историјата

Доминацијата на атлетичарите на Јамајка во спринтерските дисциплини на 29. Олимписки игри во Пекинг ја заокружи машката штафета на карипскиот остров со златен медал и со светски рекорд од 37,10 сек. на 4х100 м. Усеин Болт, кому ова му е трето злато со планетарен рекорд на Игрите, во третата измена ја донесе решавачката предност, која со извонреден финиш ја потврди Асафа Пауел. Заедно со првите две измени Неста Картер и Мајкл Фрејтер, тие дотрчаа до целта 30 стотинки побрзо од досегашниот рекорд на САД од ОИ 1992 во Барселона, репризиран на Светското првенство наредната година во Штутгарт.

Тринидад и Тобаго го освоија среброто со време 38,06 сек., а бронзата со 38,15 сек им припадна на Јапонците. Велика Британија, САД и Нигерија, кои по тој редослед си ги поделија медалите во Атина, киксираа при измените во квалификациите.

За разлика од машката штафета на стотка, Јамајка остана без „капарисаното“ злато во женска конкуренција, каде што со дисквалификацијата практично и' го подари најблескавиот метал на Русија. Шерон Симпсон и Керон Стјуарт, кои го поделија сребрениот медал на 100 м, не си ја примопредадоа палката во втората измена во предвиденото растојание и заедно со САД, кои киксираа во квалификациите, останаа без пласман. Русинките Полјакова, Федорова, Гушчина и Чермошанскаја победија со време 42,31 сек., Белгија стана неочекуван вицешампион со национален рекорд од 42,54 сек., а Нигерија ја собра бронзата со 43,04 сек.

Светската рекордерка Тирунеш Дибаба од Етиопија стигна до второто злато во Пекинг по тоа на 10.000 м, триумфирајќи во финалето и на двојно покусата дистанца. Иако времето 15:41,40 мин. е далеку од рекордните 14:11,15 мин. што ги истрча на 6 јуни во Осло, Дибаба ја остави конкуренцијата зад себе. Втора заврши натурализираната Турчинка од кениско потекло Елван Абејлегесе, а успехот на Етиопија со бронзениот медал го заокружи Месерет Дефар.

Стив Хукер од Австралија се закити со златото во скок со стап, зачинето со нов олимписки рекорд од 5,96 м, еден сантиметар подобар од досегашниот на Американецот Тим Мек од Атина 2004. Втор заврши Русинот Евгениј Лукјаненко со прескокнати 5,85 м, а третото место и бронзениот медал му припаднаа на Украинецот Денис Јурченко со 5,70 м поради подобрата серија во кругот од четворица со идентичен резултат.

Американецот Брајан Клеј е нов олимписки првак во десетобој. Најсестраниот атлетичар во Пекинг освои вкупно 8791 поен, 240 повеќе од „сребрениот“ Андреј Краучанка од Белорусија, а бронзениот медал го освои Леонел Суарез од Куба со 8527 поени.

Бразилката Маурен Маги за само еден сантиметар и' го „украде“ златото на Русинката Татјана Лебедева во скок во далечина. Таа уште во првиот обид го оствари победоносниот скок од 7,04 м, а бранителката на олимписката титула и светска шампионка Лебедева во последната серија прескокна сантиметар помалку. Бронзата замина за Нигерија кај Блесинг Окагбаре, чиј најдобар резултат беше 6,91 м, а во финалето влезе благодарејќи на дисквалификацијата од Игрите на допингуваната носителка на среброто во седмобој Људмила Блонска од Украина.

Алекс Швацер од Италија го освои златниот медал во брзо одење на 50 км, и покрај бруталните временски услови предизвикани од силното сонце. Носителот на две бронзи од светските првенства го презеде водството во 42. километар и не го испушти до крајот, финиширајќи по 3:37,09 ч. и подобрувајќи го олимпискиот рекорд на Вјачеслав Иваненко од Сеул 1988 за 1,20 минути. Австралиецот Џаред Талент, кој беше „бронзен“ на 20 км, отиде место погоре со среброто со личен рекорд послаб за 2,18 мин. од времето на победникот. Денис Нижегородов од Русија, вицешампионот од Атина 2004 што во мај во рускиот град Чебоксари постави нов светски рекорд од 3:34,14 ч., овој пат се задоволи со бронзата, заостанувајќи 3,05 мин. зад Швацер.


Статијата е прочитана 197 пати.

Испрати коментар

Од: elmira
Датум: 23.08.2008 11:49:53
bravo za jamajka sad e vece istorija ne samo vo sprint tuku i kako sportska sila videte duplo pomalku medalji od Kina,napred kina.

Најди! во Утрински
Бар��ј со НАБУ
Спорт
ШАХ- Победнички потег
Мартиноски елиминиран во Суботица
Ставрев во Велс, Мечкаровски во Молдавија
Претпоставената крајна граница на 100 метри е 9,29 сек
Французите и Исланѓаните во борба за златото
Вардар про ја „прегази“ Слога од Добој
Бразил и САД ќе одлучуваат за најсјајниот трофеј во одбојка
Бразилците убедливо до бронзата
Шпанците први финалисти
Унгарија против САД ќе го брани златото од Атина
Американките победнички во фудбал
ИОК поведе истрага за возраста на кинеските гимнастичарки
Смени во Брунеи поради неучеството на ОИ
Најубав турнир на Игрите во Пекинг
РЕЗУЛТАТИ
Бекам и официјално на затворањето на Игрите
Со денешното дерби Вардар -Пелистер фудбалот пак актуелен

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.