Мартиноски елиминиран во Суботица
Илија Мартиноски загуби од послабо рангиран противник во второто коло во поединечна конкуренција, а заедно со Шендрит Деари се поразени и во четврт-финалето во двојки, со што го завршија настапот на тенискиот фјучерс во српскиот град Суботица, со награден фонд од 10.000 американски долари. Мартиноски, кој неделава е 851. на АТП-листата, загуби во три сета со 7-6 (5), 3-6, 6-2 од квалификантот Дамјано ди Јено (1105.) од Италија. Со Деари, пак, беа четврти носители во дубл, но елиминирани се од вторите носители Александар Словиќ од Србија и Горан Тошиќ од Црна Гора со 7-6 (5), 6-0.
Следна станица на Мартиноски е фјучерсот од 10.000 долари во Чачак, кој почнува в понеделник и на кој меѓу пријавените е и Димитар Грабулоски (1210.). (Р.Д.) |