Најубав турнир на Игрите во Пекинг

Во Пекинг одбојката на песок беше најголемо собиралиште на младите
Некои од спортовите на Олимписките привлекуваат поголоемо внимание од другите, а еден од тие за кои и пред самиот крај се бараше билет повеќе, беше одбојка на песок во женска конкуренција. Спортистките во бикини, музика меѓу поени, чил-лидерки за време на паузите, се нешто што ги полнеше трибините. Одбојката на песок на Олимписките игри во Барселона во 1992 година беше демонстративен спорт, а четири години подоцна во Атланта стана полноправна членка на олимпиското семејство. Наскоро се покажа дека потегот на ИОК бил апсолутно исправен. И во Пекинг трибините на олимпискиот турнир во одбојка на песок беа исполнети до последното место, а на популарноста на овој спорт придонесе и правилото кое ја ограничува максималната големина на дресовите, а тоа е главна причина што исламските земји се противат на овој спорт. Покрај тоа, за време на мечот се слуша музика, а при паузите публиката ја забавуваат полуголи девојки. Впрочем, се' потсетува на една голема забава на плажа и затоа не беше чудо што во Пекинг одбојката на песок беше најголемо собиралиште на младите. |