Постигнати рекорди
Претпоставената крајна граница на 100 метри е 9,29 сек.

Рекордот на 200 метри моментално изнесува 19.30, а професорите сметаат дека е можно да се спушти на 18.63.
По најновиот светски рекорд на Болт јавноста по којзнае кој пат се запраша кои се границите на човечкото тело, која е најголемата брзина со која човекот може да трча. Точниот одговор можеби ќе го дознаеме на најлошиот можен начин, кога нечие тело едноставно ќе експлодира. Тогаш ќе констатираме дали трчал пребрзо. Но, додека тоа, или нешто слично, не се случи, а можеби и никогаш нема да се случи, осудени сме на теоретизирање.
Џон Ејнмах и Јан Магнусен професори на Универзитетот во Тилбург напишаа книга под наслов „Рекордите во атлетиката низ теоријата на екстремните вредности“ и се обидуваат да дадат одговори на две прашања: кои се крајните граници на светските рекорди во поедини дисциплини и колку се „добри“ моменталните рекорди. Основа на проучувањето беа личните рекорди на што поголем број поединци во наведените дисциплини, а тие се надополнети со неколку светски рекорди кои се случија во меѓувреме. Холанѓаните пресметале дека крајниот светски рекорд на 100 метри треба да изнесува 9.29 секунди, а на 200 18.63. Тоа се времиња кои во моментов можеме да ги замислиме само во бајките. Од останатите проучувани дисциплини интересен е оној во скок во височина. Според проценките крајна граница во оваа дисциплина е 215 сантиметри. Моменталниот рекорд е 209, остварен пред 21 година, а Бланка Влашиќ годинава прескокна 207 сантиметри. Според мислењето на овие професори, светскиот рекорд во машкиот маратон може да се поправи за уште 20 секунди (кога беше објавен трудот разликата беше 49 секунди, но во меѓувреме е поставен нов светски рекорд). Фрлачите на копје може да напредуваат уште само 80 сантиметри. |