Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Унгарија против САД ќе го брани златото од Атина

Американците славеа против Србија 10:5, Црногорците загубија од Унгарија 11:9

Машката ватерполо репрезентација на Унгарија е првиот финалист на ватерполо турнирот во Пекинг. Во тешка и беспоштедна битка ватерполистите на Унгарија во рамките на полуфиналето го совладаа актуелниот европски првак селекцијата на Црна Гора со 11:9 (3:4, 3:3, 3:0, 2:2), и покрај тоа што црногорците одлично го започнаа натпреварот.

Овој дуел покажа и докажа дека во моментов на Балканот се игра најквалитетен ватерполо, а овие два тима според потенцијалот и квалитетот сосема заслужено се наоѓаат на самиот врв во светот.

Селекцијата на Унгарија со победата над Црна Гора во големото финале ќе се обиде да ја одбрани титулата освоена пред четири години во Атина. Унгарците притиснаа кога беше најважно, и против актуелниот европски првак го одиграа можеби најдобриот меч на турнирот. Од друга страна, на црногорците како да им недостасуваше сила, која ги издаде во решавачките моменти на средбата. Инаку, тие одлично го започнаа мечот и по завршувањето на првата четвртина имаа гол предност (4:3) пред Унгарците. Нивната диминација продолжи и во вториот период кога во еден момент имаа дури три голови предност (6:3). Сепак, актуелниот олимписки првак успеа да се врати во игра најмногу благодарение на расположениот Гергељ Киш, кој не дозволи црногорците резултатски да се одлепат. Клучна во поразот на селекцијата на Црна Гора беше третата четвртина, која сосема заслужено им припадна на Унгарците со 3:0. Имено, тие во овој период на голот го имаа расположениот Иштван Гергељ, кој беше речиси несовладлив, а на спротивната страна Норберт Мадараш и Денеш Варга беа посебно расположени во нападот, така што унгарците за прв пат, на крајот на овој период, стигнаа до резултатска предност од 9:7.

Последниот конкретен напор да се спаси поразот и средбата, Гојковиќ и другарите го направија на почетокот на последниот период кога со прекрасниот гол на Гојковиќ израмнија на 9:9. Сепак, тоа беше нивниот последен дострел, бидејќи Унгарците во продолжението, преку Кашаш и Варга брзо возвратија на плус два, што беше доволно за почеток на нивната прослава со пласманот во големото финале.

На второто полуфинале, ватерполистите на соседна Србија не успеаја да го повторат успехот од првиот дел кога ја совладаа селекцијата на САД со 4:2 во рамките на мечевите по групи. Србите овојпат загубија со убедливи 10:5 (3:3, 1:2, 1:2, 0:3), во меч во кој резултатската неизвесност траеше само до средината на вториот период. Имено, расположените Американци кои го имаа феноменалниот Мозес на голот, во буквална смисла на зборот ја спуштија завесата пред нивниот гол, и на нервозните српски ватерполисти за нешто повеќе од две четвртини им дозволија да постигнат само еден гол, за сметка на петте кои завршија во мрежата на Србија.


Статијата е прочитана 93 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
ШАХ- Победнички потег
Мартиноски елиминиран во Суботица
Јамајка со светски рекорд и на 4х100 м
Ставрев во Велс, Мечкаровски во Молдавија
Претпоставената крајна граница на 100 метри е 9,29 сек
Французите и Исланѓаните во борба за златото
Вардар про ја „прегази“ Слога од Добој
Бразил и САД ќе одлучуваат за најсјајниот трофеј во одбојка
Бразилците убедливо до бронзата
Шпанците први финалисти
Американките победнички во фудбал
ИОК поведе истрага за возраста на кинеските гимнастичарки
Смени во Брунеи поради неучеството на ОИ
Најубав турнир на Игрите во Пекинг
РЕЗУЛТАТИ
Бекам и официјално на затворањето на Игрите
Со денешното дерби Вардар -Пелистер фудбалот пак актуелен

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.