Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Американките победнички во фудбал

Во реприза на атинското финале, САД со голот на Лојд во продолженијата ги совладаа Бразилките

Историјата се повторува. Фудбалерките на САД го одбранија златниот трофеј на женскиот фудбалски турнир на Олимписките игри во Пекинг. Тие во финалето исто како пред четири години ја совладаа селекцијата на Бразил со 1:0. Сепак, до најдрагоцената победа, Американките овојпат дојдоа дури во продолжението на натпреварот.

Стрелец на единствениот погодок на оваа средба беше Карли Лојд во 96. минута од натпреварот. За волја на вистината, Бразилките во поголемиот дел од мечот ја имаа под контрола играта и доминираа на теренот, меѓутоа не успеаја да му се реваншираат на противникот за поразот од Атина.

За фудбалерките на САД ова беше трето злато освоено на досега одржаните четири олимписки турнири, откако женскиот фудбал и официјално влезе во олимпискиот календар на ИОК. Американките само во Сиднеј 2000 не успеаја да го освојат првото место кога мораа да се задоволат со сребрениот медал.

За да биде распоредот на освоените медали истоветен како оној од пред четири години од Атина, се потрудија фудбалерките на Германија кои во борбата за третото место и освојување на бронзениот медал, успеаја да ја совладаат селекцијата на Јапонија со 2:0. Стрелец на двата гола за оваа екипа беше Фатмире Бајрамај во 69. и 87. минута од натпреварот.


Статијата е прочитана 60 пати.

Испрати коментар

Од: Mile
Датум: 23.08.2008 00:42:02
Forza Hope Solo!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
ШАХ- Победнички потег
Мартиноски елиминиран во Суботица
Јамајка со светски рекорд и на 4х100 м
Ставрев во Велс, Мечкаровски во Молдавија
Претпоставената крајна граница на 100 метри е 9,29 сек
Французите и Исланѓаните во борба за златото
Вардар про ја „прегази“ Слога од Добој
Бразил и САД ќе одлучуваат за најсјајниот трофеј во одбојка
Бразилците убедливо до бронзата
Шпанците први финалисти
Унгарија против САД ќе го брани златото од Атина
ИОК поведе истрага за возраста на кинеските гимнастичарки
Смени во Брунеи поради неучеството на ОИ
Најубав турнир на Игрите во Пекинг
РЕЗУЛТАТИ
Бекам и официјално на затворањето на Игрите
Со денешното дерби Вардар -Пелистер фудбалот пак актуелен

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.