Суверенот на Брунеи постави нов министер за спорт откако државичката богата со нафта отпадна од церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Пекинг поради пречекорувањето на рокот за пријавување спортисти. Отсуството на Брунеи од Игрите ја шокира нацијата од 350.000 луѓе, принудувајќи го министерот за спорт јавно да се извини. Султанот Хасанал Болкијах го именува министерот за индустрија Ахмат Џумат да го преземе ресорот спорт.
Медиумите во Брунеи објавија дека министерството за спорт одредило двајца спортисти да патуваат во Пекинг и оти тие почнале да тренираат, но нивните имиња не се нашле на списокот на ИОК до одредениот рок. Не е јасно кој е виновен за пропустот.