Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Бекам и официјално на затворањето на Игрите

Англиската фудбалска ѕвезда ќе присуствува на предавањето на олимпиското знаме на Лондон

Фудбалскиот репрезентативец на Англија, Дејвид Бекам, ќе се најде на централната бина кога олимпиското знаме ќе му биде врачено на Лондон за време на церемонијата на свеченото затворање в недела во Пекинг. Бекам, чијашто популарност во Кина ги засенува дури и таа на уривачот на рекорди во пливање Мајкл Фелпс и на спринтерската сензација Усеин Болт, ќе биде дел од осумминутниот пресек од програмата на затворањето на Игрите во чест на домаќинот на следната ОИ 2012, Лондон. Фудбалерот на Лос Анџелес галакси ќе биде придружуван на стадионот „Птичје гнездо“ од гитаристот на групата „Лед Цепелин“, Џими Пејџ, потоа од пејачката родена во Лондон, Леона Луис, како и од танчерите од Кралската опера и од повеќемина спортисти-учесници на поранешните олимпијади.

На свеченоста на затворањето ќе присуствува и британскиот премиер Гордон Браун, кој ќе биде сведок на примопредавањето на знамето од градоначалникот на Пекинг, Гуо Јинлонг, на неговиот лондонски колега Борис Џонсон. Никакви детали не се објавени за содржината на шоуто или за тоа каква точно ќе биде улогата на Бекам, но и самото негово појавување се очекува да го измами најголемиот аплауз на вечерта.

„Тој беше пасиониран поддржувач на кандидатурата во нејзината рана фаза, одигра клучна улога во гласањето во Сингапур, а беше и на поставувањето на камен-темелникот на Олимпискиот парк во Лондон“, изјави Бил Морис, директор за церемонии на Организацискиот одбор на ОИ во Лондон.

Поранешниот играч за врска на Манчестер јунајтед и на Реал Мадрид, кој има тетоважа на кинески на телото, беше „сардисан“ при пристигнувањето на аеродромот во Шангај со Л.А. Галакси оваа година, а има и клуб на обожаватели во Кина со неколку стотици милиони членови!

Морис вели дека темата на претставувањето на Лондон ќе биде „едноставно и забавно“ и оти нема да се обидат да се натпреваруваат со ништо што го направи Пекинг за време на блескавата церемонија на отворањето.

„Ова не е момент во која би сакале да се натпреваруваме со навистина извонредниот труд на организаторот вложен во церемониите“, изјави Морис. „Но, нашето претставување ќе биде младешко, поинакво, гласно и гордо. Ова ќе биде, исто така, одлична можност за прослава на големиот успех на британските спортисти на овие Игри“.

Градоначалникот Џонсон, пак, се пошегува дека веќе тренира за моментот на примопредавањето на знамето.

„Растреперен сум, мотивиран, неверојатно возбуден, но не и уплашен“, порача „градскиот татко“ на Лондон.


Статијата е прочитана 202 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
ШАХ- Победнички потег
Мартиноски елиминиран во Суботица
Јамајка со светски рекорд и на 4х100 м
Ставрев во Велс, Мечкаровски во Молдавија
Претпоставената крајна граница на 100 метри е 9,29 сек
Французите и Исланѓаните во борба за златото
Вардар про ја „прегази“ Слога од Добој
Бразил и САД ќе одлучуваат за најсјајниот трофеј во одбојка
Бразилците убедливо до бронзата
Шпанците први финалисти
Унгарија против САД ќе го брани златото од Атина
Американките победнички во фудбал
ИОК поведе истрага за возраста на кинеските гимнастичарки
Смени во Брунеи поради неучеството на ОИ
Најубав турнир на Игрите во Пекинг
РЕЗУЛТАТИ
Со денешното дерби Вардар -Пелистер фудбалот пак актуелен

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.