Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Фељтон
Економија
17.09.2009, 18:04

Од Скопје до Европа за 29 евра плус аеродромски такси

Од Скопје до бројни европски градови ќе може да се патува за 29 евра плус аеродромски такси, преку понудата на компанијата „Монтенегро ерлајнс“. Оваа компанија вчера ја претстави сопствената флота и плановите за продолжување на сообраќајот во зимската сезона. Компанијата работи во Скопје од јуни годинава и според комерцијалниот директор на „Монтенегро ерлајнс“, Чедомир Ѓуришиќ, пазарот во Македонија е една од стратешките точки на мапата на компанијата. „’Монтенегро ерлајнс‘ располага со флота од седум авиони, од кои пет се од марката ’Фокер 100‘ и два од марката ’Ембраер 195‘, кои ќе летаат четири пати седмично од Скопје преку Подгорица до Франкфурт, Рим, Париз, Лондон, Дизелдорф, Цирих, Рим и Виена“, истакна Ѓуришиќ.

За коминтентите, се разбира, најинтересна е понудата за акцијата „Европа на дланка за 29 евра“. Станува збор за понуда која „Монтенегро ерлајнс“ ја подготвила специјално за македонскиот пазар.

Билетот за релација од Скопје до бројни европски градови патниците можат да го купат за 29 евра, плус аеродромските такси. Цената е исклучително конкурентна и овозможува по поволни услови брзо поврзување на регионов со европските метрополи.

За своите лојални патници „Монтенегро ерлајнс“ обезбедува и соодветно ниво на членство т.е. ниво на користење на услугите. Имено, со зачленувањето во „висион тим“ секогаш кога ќе купите билет добивате одреден број милји, кои се додаваат на вашата „висион пас“ сметка и врз основа на собраните милји се одобруваат бројни поволности кои „Монтенегро ерлајнс“ ги предвидува за своите патници. (Н.П.)


Статијата е прочитана 2388 пати.

Испрати коментар



Пораст на бројот на превезени патници
Во сукцесијата има нерешени прашања
Ќе се субвенционираат станбените кредити
Владата најави можно ново ревидирање на бројките во Буџетот
Ќе се преполоват платите на хигиеничарките и на возачите во АЦВ и во М-НАВ
Фирмите ќе се помачат да дојдат до евтините кредити
Останува лиценцата за дигитална телевизија
Промовиран портал за претприемачи
„Tелеком“ и „Т-мобиле“ ќе се реорганизираат
Кој нема ХАСАП - од 1 октомври казна или клуч



citatelka od Evropa, 18.09.2009 10:22:22
Eeeeeeee, Makedonijo, za 18 godini ne uspea od pusta alchnost edna nacionalna aviokompanija da sozdadesh. Pa sega so crnogorcite kje letame do Evropa za evtini pari, dodeka site zemji na balkanot (vkluchuvajki go i KOsovo) letaat za mngou evtini pari od Berlin, Pariz, London....samo Makedonceto plakja i plakja....zhalosno.
Viktorija, 18.09.2009 13:31:58
Ne mi se veruva! Ponudava e da poludish. Vo sushtina ne postojat povratini bileti bidejki na bilo koja data i da pojdes nekade, za vrakanje treba da baras datum po datam vo tekot na celiot mesec, bez nikakva sugestija za denot koga ima let za nazad. Sigruna sum deka i ponudata za 29EUR ne im drzi voda!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Фељтон |