Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Скопје
18.09.2009, 15:13

Водно претесно и за планинарење и за велосипедизам?

Планинари ги уриваат штиците и земјата потребни за симулирање на велосипедската патека

Миркица Поповиќ


Ќе ја доживее ли Македонија првата меѓународна трка во екстремен велосипедизам? Натпреварот е најавено да се одржи на 3 и 4 октомври на Олимписката патека од Крстот до Средно Водно, во организација на велосипедскиот клуб „Евил бајкерс тим“. Меѓутоа, поради недоразбирањето на организаторите со група планинари, неизвесно е дали трката ќе се одржи според замисленото сценарио.

Неколкумина планинари веќе неколку недели ги уриваат штиците и дополнителната земја потребни за симулирање на велосипедската патека за екстремно возење. Организаторите имаат уредно обезбедени дозволи за поставување на градбите од Градот Скопје од Министерството за животна средина. Градот и градоначалникот Коце Трајановски се главни поддржувачи на настанот, а официјална поддршка за трката има и од Агенцијата за млади и спорт, ЈП „Паркови и зеленило“ и Велосипедската федерација на Македонија.

„Се обидовме да разговараме со планинарите и да им објасниме дека овие градби се од привремен карактер. Ние имаме обврска три дена по завршување на натпреварот да ја вратиме патеката во нормалната состојба“, вели Лазе Миновски, главен организатор на настанот.

Велосипедистите повеќе пати се обиделе и преку разговор и преку печатени молби поставени на знаците на патеката и во Планинарскиот дом на Водно да замолат да престане уништувањето на градбите, но не наишле на разбирање. Миновски го пријавил случајот во полициската станица „Карпош“ и предупредил за опасноста од потенцијален инцидент на денот на натпреварот поради ова недоразбирање.

„Едноставно, овие луѓе не сакаат да покажат спортски дух, не се однесуваат фер. На кривините на кои треба да се постават штици и земја за да се подобри патеката за возење работат само двајца волонтери од велосипедскиот клуб. Буквално на рамена ги качуваме материјалите до врвот на Водно“, изјави Миновски, појаснувајќи дека за време на натпреварот патеката ќе биде означена со трака и ќе има редари кои ќе внимаваат.

Од Градот Скопје велосипедистите пред неколку години добиле ветување дека до 2010 година ќе се направи нова велосипедска патека за обичен и екстремен велосипедизам на Водно со цел да се одделат велосипедистите од планинарите. „Градот рече дека ќе не' земе предвид во нивната програма за која се одлучува во ноември, со што Скопје ќе стане официјален домаќин на трката. Водно е недоволно искористено и им припаѓа на сите. Не ја земаме патеката од планинарите, едноставно сакаме да ја користиме два дена за овој натпревар“, објаснува организаторот од „Евил бајкерс тим“.

Вакви екстремни велосипедски трки постојано се одржуваат во многу европски земји. Самиот Миновски учествувал на неколку трки во Словенија. „Скијачките патеки во Австрија летно време се користат како велосипедски патеки“, објаснува Миновски.

Велосипедската трка е меѓународен карактер и се очекуваат гости од Словенија, Босна, Србија, Бугарија. Покрај натпреварот во екстремен „даунхил“, на Средно Водно ќе бидат поставени штандови на различни спортски клубови за сноуборд, параглајдерство, алпинизам и нуркање, со цел промоција на клубовите за екстремни спортови меѓу граѓаните.


Статијата е прочитана 2018 пати.

Испрати коментар



Конечно, поставени темелите на објектот на кеј
Есенска дератизација во Ѓорче Петров
Во работа семафорите на „В. С. Бато“
Хуманитарен концерт пред ТЦ „Бисер“
Се санира патот до манастирот „Пантелејмон“



vlatko, 19.09.2009 15:58:43
deckive se ok. go razvivaat planinskiot velosipedizam a nekoj od ovie planinari sto se spomnati ne sakaat takvi sportovi.bravo za niv.
Stefan, 19.09.2009 23:40:02
nee fer od strana na planinarite jas licno razgovarav so eden od niv isto taka no on nesakase ni da razgovara poradi toa sto misli deka vie im ja prisfojuvate pateka a ne ja iznajmuvate.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -7°C

Слаби снежни врнежи

Петок
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -6°C

Сабота
Слаби снежни врнежи
Макс: 1°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |