18.07.2012, 17:20 Едиторијал
Брисел-лукс изненадување
Слободанка Јовановска
Kако сите утопистички идеи за замајување на јавноста, предлогот за создавање балкански сојуз на држави по примерот на Бенелукс упорно се тркала низ регионот, сега и со инволвирање на Европската комисија. Откако портпаролот на еврокомесарот Штефан Филе, Питер Стано, ја поздрави идејата како корисна, како што во принцип ги поздравува сите идеи за соработка или интеграција зошто инаку би бил контрадикторен со филозофијата на Унијата, се запали црвен аларм во Македонија.
Дали тоа Брисел ни подготвува ново предворје место полноправно членство? Дали Европската комисија не' става во контекст на некаква идна софистицирана Голема Албанија? Дали Македонија е на пат уште еднаш да биде изневерена од големите сили, откако ја блокираа во сите правци нашата евроинтеграција? Иако изворно иницијативата тргна од еден косовски новинар во Брисел, видлив е обидот на некои кругови да и' се даде формално значење, т.е. да стане тема и во разговорите на политичко ниво, бидејќи со вакви големи проекти најмногу се одвлекува внимание од суштинските прашања во државите. Затоа, прво ја промовираше министерот за економија Ваљон Сарачини на средба со албанскиот лидер Сали Бериша во Приштина, а ја демантираше министерот за надворешни работи во Скопје, како да не седат во иста влада и не знаат каква им е заедничката политика.
Колку и да се сака да се претстави иницијативата како бриселска, сепак, политичката логика покажува дека станува збор за домашна кујна, т.е. регионална, а не европска. Потврда за тоа е што сите интеграции што досега ги туркаше ЕУ во регионот и сите фамозни политички предворја (најславно беше создавањето на Западен Балкан) во основа не подразбираа политичка творба која личи на заедница на држави или политичка унија. Идејата е дефектна и неевропска и со самото тоа што не ја вклучува Србија, а ја вклучува Црна Гора, која многу брзо ќе почне преговори за членство во ЕУ и нема зошто да биде дел од ваква интеграција на кратка патека. Најголемиот дефект на иницијативата сепак е лошата политичка конотација, како предворје не на ЕУ, туку на некаква Голема Албанија, бидејќи ќе ги вклучи сите територии со албанско население, доминантно или малцинско. Ако веќе и' требаат на ЕУ вакви интеграции и ако важи правилото дека можат да се исклучат некои држави (како сега Србија и БиХ), зошто Брисел не предлага обратен „Бенелукс“ или „Вишеград“, т.е. здружување на регионот на словенска основа?
Она што треба да не' загрижи од ваквите сценарија е сепак тоа што, со оглед на блокадата на нашето членство во НАТО и ЕУ, и ваквиот Бенелукс е подобар политички контекст од она што ја чека Македонија ако остане уште долго аут од евроинтеграцијата. Без Црна Гора, која со огромни чекори оди напред кон ЕУ, и Србија која оди побавно, но зачудувачки успешно трансформира националисти во еврофили, нам ни останува друштвото на земјите кои во моментов влечат назад и многу е почисто албанско од ваквиот Бенелукс. Ваквите перспективи и сценарија внесуваат немир, иако во основа интерес и на нашата држава е да има потесна соработка со соседните земји, а интеграцијата во принцип не е лоша работа. Ова е можеби одговорот на прашањето каде ќе биде Македонија ако не влезе брзо во Европската унија, наспроти сонот дека сами си ја цртаме идната стратегиска позиција, па ќе се најдеме во скутот на Кина, Индија, Русија или некоја добро нафатирана земја нафташ или суперсила. |
|
Статијата е прочитана 1020 пати.
|
Испрати коментар
|
|
ФЕЛИКС, 19.07.2012 07:15:49 | Се добива впечаток да после негативните реакции на македонскиот дел од јавноста визави Балканскиот Бенелукс се ,,запали црвеното светло,, кај подржувачите на Брисел.Па така сега се сака амортизирање на негативниот ефект од не само економската туку и политичката заднина на овој проект,во кој доминатна улога им е наменета на Албанците а споредните улоги на останатите.По мене со овој предлог се ,,убиваат 3 муви одеднаш,,Се неутрализира проблемот со името,се неутрализира изолираноста на Косово и најважното се решава она ,,сите Албанци во една идна држава,,.Ако е сето ова добра идеа што не се упати покана до Србија па да имаме баланс на народите во Балканскиот Бенелукс,плус бројчано и економски појака формација. |
| Mirko, 19.07.2012 07:24:21 | Nema komentar od DPMNE i Grujo na izjavata na Saracini koja e vo nasoka na cepenje na RM a so denovi verglaat na ona sto go izjavi Feorgievski koaj rece Vo toa vreme imase idea za razmena na teritorii no toa veke ne moze da se sprovede vo denesno vreme taa idea od togas e sega mrtva i da se aktuelizira albancite nema da se zadovolat so togasniot plan sega veke ke go barat Skopje Kumanovo i dr. teritorii. I sto se sluci ze zapalija laznive patrioti i verglaat ali verglaat a zaboravaat deka samo vo nivno vladeene se spomnuvaat vakvi naludnicavi ideei prvo vo 2001 koga premier bese Ljubco a minister Grujo i sega 2012 koga premier e Grujo a minister Saracini od pobratimskata DUI. I portokalovive bez stram i perde komentiraat se glupiraat i seta taa rabota na podelbi ja prefrlaat na drugi koj vo nivniot politicki zivot sekogas bile protiv sekakvi podelbi na etnicki granici e toa ti se vika zabeganost ludost koja nema granica.Portokalovi patriotiUste ednas samo vo vase se slucuvaat katas |
| Сашо, 19.07.2012 08:34:30 | Може Бенелукс ама без Србија на Балканот ништо не бидуе. Тоа ако не го сметаат дежурните коментатоори треба да го ставт во центрифугата на иднината на Балканот. Така да заеднички пазар, економија, заедничка соработка во правни и криминални случаи на Балканот плус Албанија е секако прашање на денот... |
| Mene, 19.07.2012 09:36:36 | Ne vi cinese SFRJ? Epa evo vi ga na sega. Trazili ste, gledajte! Koj ke bide malcinstvo vo toj balkanski Beneluks da cujam? |
| Ni pod razno, 19.07.2012 11:17:16 | Ne, ne i ne! Podobro i bez drzava otkolku vo takva drzava/zaednica. Ako vece nekade morame, togaj so onie shto si vece bevme. Vo ovaa kakva-takva drzava sepak mnozinstvoto se makedonci, a ne albanci. A poshto i niv gi ima podosta, najdobro e samostojna RM, chlenka na EU. Mozebi na ovoj nachin Brisel ne prinuduva da birame izmedju zmijata i magareto. Vo toj sluchaj, podobro e da go zrtvuvame imeto, odkolku drzavata sose imeto. Shto velat patriotite? Oni bi i jare i pare! I predavnicite bi, ama nema takva opcija/meni na masata. Nova Makedonija - i ne zvuchi taka losho! Pa relativno sme nova drzava, a i ke ne distancira od onoj zlikovec Aleksandar, pa makar bil i nash. I bez referendum! Ako se pokaeme, vo ime na narodot da barame vracanje na imeto, bez Nova. So referendumot ke se zakopame. Vo sekoj sluchaj, Balkanski BeNeLuks ne doadja vo predvid. |
| BitolaHamiltonCanada, 19.07.2012 13:39:08 | G-ga Jovanovska,prashuvate zoshto Brisel ne predlaga zdruzuvanje na regionot po slavjanska osnova.Legitimno prasanje.Odgovorot e:Brisel ne predlaga,Brisel pozdravuva korisni idei.A ovaa Vasha idea,nesomneno e korisna.Samo koj ke predlozi takvo zdruzuvanje??Srbija,Hrvatska,CG,BiH,Makedonija???Mislena imenka G-ga Jovanovska.Nie imavme takva zaednica i ja rasturivme.Site imavme svoi nacionalni drzavi zdruzeni vo edna zaednicka drzava.A i da se najdi nekoj da predlozi zdruzuvanje po slavjanska osnova,teshko deka nie se vklopuvame vo taa shema..Kako shto ja tera rabotata ovaj samobendisaniot Megalo Nikos-Anticki so negovite istomislenici,tie treba da predlozat zdruzuvanje na anticka osnova.So koj ke se zdruzat??Imaat so koj,Megalo Aleksandro im ostavi ogromno nasledstvo.....nepregledno,eeeee tamu daleku na istok se do Pakistan,Avganistan i ushte kade ne. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 23°C
Делумно облачно
|
Вторник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 17°C
|
Среда
Локални грмотевици
Макс: 35°C, Мин: 19°C
|
|
|
|
|
|