23.07.2012, 19:13 Милчин ќе го лустрираат втор пат
Бившите функционери повторно на тапет на лустраторите
Комисијата за лустрација одново ќе ги отвара предметите со поранешни функционери кои беа прогласени за соработници на службите,а кои Управниот суд ги поништи по одлуката на Уставниот суд. Меѓу десеттината случаи е и оној на извршниот директор на Фондацијата отворено општество Македонија, Владимир Милчин кој повеќе од една година се обидува да докаже дека е жртва на политичка хајка, заради своите критички ставови кон владејачката партија.
На вчерашната седница, која поминала во кавги не се расправало за конкретни личности, туку со гласање било одлучено тоа да се направи на една од наредните седници. Двајца членови блиски до опозицијата, побарале да не се расправа околу поранешни функционери, бидејќи сметале дека во таа насока е последната интервенција на Уставниот суд. Тие побарале и експертско толкување во овој дел на законот. Еден од членовите на комисијата, пак, изнервиран ја напуштил седницата.
Претседателот на Комисијата,Томе Аџиев негира дека имало расправии на седницата. Сепак, потврдува дека вчера било отворено ова прашање,а со конкретните случаи ќе се занимаваат идната недела.
Тој вели дека нема потреба од експертско толкување,бидејќи како што вели, законот е јасен.
„Ако на некои членови не им е јасен законот,тоа е нивен проблем. Или треба да си одат, или да се скријат во темнина, што не знаат“, иронизира Аџиев.
Членовите, пак, кои и формално побараа оваа точка да се стави на дневен ред, со цел да се изгради заеднички став и да нема разниогласие, велат дека не случајно Уставниот суд веќе се произнел дека процесот на лустрација треба да се однесува на актуелни функционери, а не на поранешни.
Првиот човек на ФООМ, Милчин ќе го лустрираат по втор пат како поранешен функционер. Според новиот закон за лустрација, лицата што ќе се лустрираат немаат обврска да поднесат изјави до комисијата. Приоритетот ќе го одредува Комисијата. Милчин веќе еднаш беше прогласен за кодош и поднесе жалба до Управниот суд. Сепак постапка не почна бидејќи откако Уставниот суд укина дел од одредбите на законот за лустрација, Управниот суд по автоматизам, без да се одржи судско рочиште, ја поништи одлуката на Комисијата. (Г.Д) |
|
Статијата е прочитана 1096 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 24.07.2012 00:11:08 | More da ne mu ja pratat Najdoska da mu ja izlustrira kucita! Ili da ne go pokanat na rucek vo Vodenica pa da go izlustriraat na parkingot. A moze i vo kofa voda da go izlustriraat. |
| ФЕЛИКС, 24.07.2012 08:04:52 | Да почекаме некое време па да се објават досиета, па да ги прочитаме истите на овие,па да заклучиме самите има ли или нема кодошлок,па да попричекаме како ќе реагира УС и т.н Оти пресудата на Управниот суд не е по завршена расправа туку по ставот на УС.А таму седеа ,,нивните,,а сега има друг состав од други ,,нивни,,И така едни ќе ја обезвреднуваат сопствената идеја за лустрирање а другите ќе притискаат кодошлокот да се разобличи.И едните и другите имаат појдовни политички мотиви но од различна лукративност.Народот ќе има лектира и ќе зазема страни според симпатиите.Едни нема да им веруваат на очите и ќе даваат безрезервно алиби на своите,другите ќе коментираат,,абе се знаев одамна да овој и овој да ти биле кодоши,,Како и да е ќе има тема на есен за разглабање кога ќе се соберат многумина да печат,лут и пржат пиперки за ајвар. |
| D.V., 24.07.2012 09:52:46 | .....i taka esenva Feliks ke ima poveke materjal da ne davi i da se povtoruva...! Sto se odnesuva do zakonite za llustracija( koi neprestanaa da se menuvaat i prilagoduvaat po necija zelba), toj e napraven po specijalen terk. Vo nego stoi i toa: kakva kosa, kakvi oci, mustaki i tezina na stavata ke ima lustriraniot .Za nego nema da vazi zakon kako zakon, kako sto ne vazi zakonot za pretsedatelot na komisijata koj bezpravno e sé uste nekakov pretsedatel kogo muva ne go lazi! Bas mu e gajle za toa, sto zakonotpredviduva, sto narodot misli,, * dodeka se nashive na vlast*!A onie *desetina* po odlukata na *pretsedatelot* ke si odat vo Strazburg.I taka, srekno ke si ziveeme.... |
| Lustrator, 24.07.2012 10:11:08 | Milchin e prepameten chovek za lustratorite, posebno za Adziev i negovite naredbodavci. Veruvam vo negova pobeda iako mu prepishuvaat kodoshluk. A toa *kodosh* treba da se razjasni i odvoi od branenjeto na interesite na drzavata, a vo togashno vreme i sistemot, shto beshe zakonska, odnosno ustavna obvrska. Zarem da ne ja izvrshuval? |
| baltazar, 24.07.2012 11:47:41 | Zosto ne se objavuvaat i drugite iminja,tuku samo na Milcin.Se prasuvam zosto e pa toj privileguvan pa mu se bere gajleto a drugite ostanuvaat anonimci.Ili mozebi e do zvucnosta na imeto i funkcijata i plus uste nesto. |
| koljo, 24.07.2012 17:26:07 | Kreaturata od Bitola vo sostojba e da kole luge ako taka mu kazat. Za sreka vremeto ne e do tamu pojdeno |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 27°C
Ведро
|
Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 20°C
|
|
|
|
|
|